Судијата Седат Реџепагиќ решава дали Јанева ќе оди во притвор, нејзиниот адвокат вели дека таа е невина жртва!

Објавено на 21.08.2019 во 19:27:11 часот | Македонија

Судијата на претходна постапка во Кривичниот суд – Скопје, Седат Реџепагиќ, ќе реши дали Катица Јанева ќе заврши во притвор, како што предлага Вилма Русковска по денешното проширување на истрагата за случајот „Рекет“.

Останатите судии на претходна постапка кои работат на предмети од организиран криминал се на одмор, па за барањето за притворање на Јанева решава Реџепагиќ.

Неговото име се спомнува во еден од аудио-разговорите меѓу Јордан Камчев и Боки 13, кои се дел од истрагата за „Рекет“, при што Камчев му вели на Боки 13 дека постапил како што го советувал и дека извесно барање поднел во ден кога на одмор е судијката Весна Димишкова, а на смена е Седат Реџепагиќ.

Адвокатот на осомничената специјална обвинителка Катица Јанева, Стеван Павлески вели дека Jанева е жртва во случајот „Рекет“ и дека тоа ќе го докаже.

Тој во изјава за медиуми рече дека штотуку бил повикан во Кривичниот суд, каде за Јанева се одлучува дали ќе и биде одредена мерката притвор на барање на Јавното обвинителство. Павлески рече дека Јанева вчера во Кривичен била во својство на сведок во случајот „Рекет“.

– Не знам сега ме повикаа , на сите парашања на јавниот обвинител немаше никаков проблеm. Не беа спомнати пари. Сѐ што прашаа за „Рекет“, Јанева кажа. Не смеам да ви одговорам што ја прашуваа, таа коректно соработуваше – рече Павлески.

Според него, хумано би било да и дозволат на Јанева да оди во Гевгелија на погребот на макја и.

На прашање дали има судир на интереси оти Павлески е адвокат на еден од обвинетите во случајот на СЈО „Империја“ и на Јанева, адвокатот изјави дека неговиот клиент Цветан Панделевски не е првоосомничен и дека главниот лик е Камчев, а не Панделевски.

– Гледаме една крвожедност на сцена. Младите адвокати сакаат да се истакнат. Имаме докази и доказите беа презентирани. Јанева имаше либерален пристап во однос на притворите и одземањето на патните исправи. Таа е жртва на овој случај и тоа ќе го докаже“, изјави Павлески.

 

 

* реклами:

Македонија

Свет