ТРИЧКО: Ах, мори, Катице, за мебел ли не еба сите!?

Објавено на 21.08.2019 во 22:42:34 часот | Македонија

Па, добро, Катице, да си дошла во “Корзо” ќе сме собрале повеќе од 285.000 денари. Или мебел за тие пари. Три фотељи “Натуци”. На вртење. Да не можеш да станеш од нив, а да не треснеш на подот од прилепски оникс. Мора да си била болна, висока температура и притисок, шекер во крвта или нешто слично, кога на двајца ебиветри си им дала милион ипол евра со порачка пред да летнат да ги арчат на скапа гардероба, ексклузивни хотели и сексуални баханалии, тебе да ти купат комбинирана соба од некој салон на патот за Генерал Јанковиќ. 
Јас мислам дека нивото на инфантилност што го покажала Јанева, според исказот на јавниот обвинител, е под нивото на природните рефлекси кои на минимум здравиот човек му сигнализираат дека не е добро да седи на рингла вклучена на шестка или дека не може од Охрид до Свети Наум преку езерото да стигне со брзо одење во чизми.

Можеби овој момент може да се развлече во линија на нејзината одбрана.
Не знам.

Но, во целава оваа афера криминалот е во втор план. Во преден план е имбецилноста на малограѓанската, инцестуознофамилијарно и клиентелистичко саморазбирање, дејствување и поза која во својата трагикомичност ги уништува луѓето, институциите и во крајна линија државата.
Јанева од скицата на Јолевски е последниот актер на масовното саморастурање врз ваквите основи. Нејзината злоупотреба на службените овластувања и во оваа фаза е голем удар врз надежите на луѓето во правда и мир. Како што и нејзиното приведување може да се разбере како нова основа на тие надежи. Но, зборот ми е дека целиот систем е заразен од вирусот на тргување со влијанија. Блокадата на предметитена СЈО беше резултат на такво влијание. Мислам дека во тие блокади како и во другите инструментализации на правосудниот апарат како и на другите институции, се делени малку поголеми износи отколку што е вредноста на една мала комбинирана соба.

Сакам да кажам ак је бал нек је бал.
Можам да и ја рентирам на државата мојата барака во Орешани за притворска единица со капацитет до 100 осомничени и обвинети!
Хахаха!

 

За Катица Јанева по втор пат

За 5.000 евра се оди в затвор, се оди и за 500 евра, но кога на Катица Јанева официјално и се става на товар деликт чија финансиска противвредност се нецели пет илјади евра, во масички, софи и фотељи и тоа во случајот што ја потресува и расклатува целата држава, тогаш може да се каже дека обвинителството во старт како да сјебува еден од основните елементи на својата позиција во процесот: мотивот на осомничениот!

Јас не верувам дека една таква фигура, изложена на најсериозно општествено внимание, натоварена со огромни очекувања од домашната јавност и од меѓународниот фактор, жена во чии раце беа предадени голем дел од надежите за иднината на земјата, може да си дозволи да се лакоми за три-четири парчиња мебел што можела да ги купи со заштедата од една единствена плата.

Овие работи ќе бидат големи непријатели на евентуалното обвинение во процесот што ќе се води пред Кривичниот суд во Скопје. Мислам дека во оваа форма се речиси неодржливи. Односно ќе се постави и прашањето за статусот на мебелот однсоно на тој доказ во аферата.
Второ, јас сум убеден и дека снимките во аферата “рекет” не се докази за кривично-правната одговорност на специјалната обвинителка. Не само според валидноста во евентуалната судска постапка туку и во материјална смисла. Ништо од исказите на Јанева во тие снимки не е инкриминирачки материјал сам по себе.

Проблематични се дури и во утврдувањето на нејзината одоворност од професионален и морален аспект. Тоа што на запаленото општество работите му изгледаат поинаку е проблем на неговата запаленост, а не на фактите за кои зборуваме. Тоа, се разбира, не значи дека Јанева е невина, дека не ја злоупотребила својата функција, дека не зела пари или други добра во замена за своето влијание, но тоа, врз основа на допрен глас или на индициите во снимките или од запленетите телефонии и компјутери, допрва треба да се докажува. Не Јанева да ја докажува својата невиност, туку обвинителството да ја докажува нејзината евентуална вина ако мисли дека има основи за тоа, а како што гледаме, тоа во однос на величината на случајот не е неспорно.

Катица Јанева е компромитирана по тоа што дозволила да биде навлечена и вовлечена во едно компромитирачко и филмувано сценарио. Кое е правено со далекусежни цели по неа, по СЈО и по државата. Со отворена можност дека е вовлечена и во тежок криминал. Во таа смисла нејзината одговорност е недвосмислена. Но, жената се уште е шефица на Специјалното јавно обвинителство. Има депонирано оставка која ќе стапи на сила кога Собранието ќе го донесе законот за Јавното обвинителство и ќе избере шеф на тоа тело. Според тоа, престанете да ја замајувате јавноста со пресови и со атмосфера на линч, туку појдете во таканаречениот Парламент и гласајте, донесете го Законот, изберете ја Вилма, тоа ми е така логично, а ако не ја сакате Вилма изберете ја Мишел Обама или Карла Дел Понте, бидејки зборев веќе со Амал Клуни, жената ми рече, Тричко, фала имам друга работа, а и на Џорџ морам секој ден да му правам палачинки со багремов мед и ореви.
Јанева има право на правичен третман. Атмосферата на линч и притисокот врз обвинителството низ кој се бараат жртви, не и го обезбедува тоа, ниту на неа, ниту на другите. Ќе се суди според доказите, а не според очекувањата на продуцентите на аферата и на воспаленото граѓанство.

 

 

* реклами:

Македонија

Свет