Најчевска: Во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ не можеше ни да се помисли на ваков вид истрага

Објавено на 21.08.2019 во 22:51:03 часот | Македонија

Фб реакција на професорката Мирјана Најчевска по повод изјавата на потпаролот на ВМРО ДПМНЕ Наум Стоилковски: „Стоилковски: Зоран Заев и сите институции со месеци ја развлекуваат истрагата за „Рекет“:

-Ма оди бре покриј се некаде и молчи. Тоа што носиш наочари не те прави ни грам попаметен, а брадата и мустаќите не ти додаваат ни ангстрем во сериозноста на изјавите.

Прво, не е точно дека се развлекува истрагата.

Второ, ова е прва истрага од ваков вид во изминатите 13 години, во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ не можеше ни да се помисли на ваков вид истрага.

Трето, навистина треба да се има барем елементарен кредибилитет за да се критикува. Јас сум многу против онаа “а се сеќавате вие што правевте?“, ама сум и против оваа “не е важно тоа дека ние убивавме, мамевме, крадевме, …, важно е дека вие не сте доволно брзи во спроведувањето на правото“.
„Се апсат политичари, бизнисмени…“

За мене ова е различно. И ја ценам разликата. Не очекувам ништо спектакуларно како резултат, меѓутоа едно е неспорно: не се исти.

 

 

* реклами:

Македонија

Свет