АТАНАС КИРОВСКИ: Оние што сега ликуваат од моралната мизерија на Катица се обидуват да ја поткладат тезата дека граѓаните грешеле што давале поддршка на СЈО

Објавено на 22.08.2019 во 10:41:13 часот | Македонија

Atanas Kirovski

Катица беше персонификација на идејата за ПРАВДА во македонското општество, и затоа СЈО и таа лично имаа огромна поддршка. Оние што сега ликуваат од моралната мизерија на Катица се обидуват да ја поткладат тезата дека граѓаните грешеле што давале поддршка на СЈО. Таа замена на тези е провидна и непродуктивна, зашто граѓаните уморни од неправди секогаш ќе ја бараат правдата независно кој ја симболизира, иако во атмосфера на изневерени и намалени очекувања дека ова општество има капацитет -да овозможи правда и еднаквост на сите пред законот. За ова се свесни и во самата опозиција, иако тие го наметнаа овој дискурс за СЈО. Тоа што слоганот на ВМРО-ДПМНЕ на изминатите претседателски избори беше „Правда за Македонија“ е доволна илустрација дека и опозицијата е свесна оти темата за правдата ( колку и да се во моментов ничкосани очекувањата поради аферата Рекет) и натаму ќе доминира во македонскиот политички дискурс.

 

 

* реклами:

Македонија

Свет