СИНОЌА ИМАЛО ВИСТИНСКА ДРАМА ВО ДБК: НЕКОЈ МУ СЕ ЈАВИЛ НА ПРЕМИЕРОТ И ГО ПРЕДУПРЕДИЛ ДЕКА КАМИОНИ СЕ ИЗНЕСУВААТ ОД ЗГРАДАТА НА ДБК!

Објавено на 22.08.2019 во 11:10:31 часот | Македонија

Истражителите на шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Рускоска која ја води истрагата за „Рекет“, ја дигнале на нозе Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) кога фатиле да изнесуваат кеси и пакети од депото на зградата, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори во МВР.

„Се изнесуваат прислушувани материјали и докази“, била дојавата на совесни вработени во МВР лично до премиерот Зоран Заев. Заев се исплашил и веднаш го побарал министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, за да праша дали повторно УБК прави нешто незаконски, велат соговорниците кои биле очевидци на настанот.

Спасовски го смирил Заев дека во кругот на УБК дошле истражители од тимот во истрагата „Рекет“ да вршат попис на запленетата облека и вредни предмети на осомничениот Бојан Јовановски-Боки 13, пишуха САКАМДАКАЖАМ.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет