АЈДЕЕ, ЗАЕВ НЕ САМО ШТО НЕ СЕ ПЛАШИ ОД СМЕНА НА ВЛАСТА, ТУКУ ИМ ПОРАЧА НА ВМРОВЦИТЕ ДЕКА ЌЕ СЕ ИЗНАЧЕКААТ ЗА ДА СЕ ВРАТАТ НА ВЛАСТ: ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ МОЖЕ ВАКА ДА ПРЕДЛАГА МИНИСТРИ ЗА ЕДНО 9 ГОДИНИ И ДВА МЕСЕЦА, МУ РЕЧЕ ЗАЕВ НА МИЦЕВСКИ ВО СОБРАНИЕТО

Објавено на 30.08.2019 во 20:12:34 часот | Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ МОЖЕ ВАКА ДА ПРЕДЛАГА МИНИСТРИ ЗА ЕДНО 9 ГОДИНИ И ДВА МЕСЕЦА, МУ РЕЧЕ ЗАЕВ НА МИЦЕВСКИ ВО СОБРАНИЕТО

„Мислам дека народот ќe ја задржи оваа власт малку подолго. По моја проценка, вие од ВМРО-ДПМНЕ министри и заменици ќе може да предлагате за едно 9 години и два месеца“, одгвори Заев на барањето за оставка од кординаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски. (Фото: К. Попов)

Премиерот Зоран Заев пресмета дека СДСМ откако ќе го доврши овој, ќе владее уште два мандата. На денешната собраниска седница за избор на два нови министри, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и нивниот координатор Никола Мицевски побараа оставка од Заев поради аферата „Рекет“, но и за честите мини реконструкции на Владата што за нив значi дека премиерот или не знае да води Влада, или промашува кандидати.

Заев од собраниската говорница одговори:

„Мислам дека народот ќe ја задржи оваа власт малку подолго. По моја проценка, вие од ВМРО-ДПМНЕ министри и заменици ќе може да предлагате за едно 9 години и два месеца. Било супер што е жена и што била млада, ама не била за ресорот финансии. Дајте ве молам договорете се сами со себе што сакате“.

На денешната седница пратениците расправаат за избор на нови министри, Нина Ангеловска за министерка за финансии и Хисен Џемали за министер без ресор, задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет