ЈАВНОСТА БЕСНА НА РОДИТЕЛИТЕ КОИ ГО ПУШТИЈА МАРКО ДА ПЛИВА 64 КИЛОМЕТРИ НОЌЕ ВО ЛАДНИТЕ ОХРИДСКИ ВОДИ!

Објавено на 31.08.2019 во 11:45:59 часот | Македонија

Секој има право на свое мислење и разно гледиште на работите, според тоа за секоја ствар се отвара дискусија.

Па така, подвигот на Марко предизвика лавина од позитивни и негативни реакции кон неговото семејство. Дел од нив беа прашања: „Кој му дозволи да плива 64 километри на само 13 години?“, „Како може со таква состојба на нозете да му дозволат?“. На тапет покрај родителите, се најдоа и теренот и педијатрите.

Дел од лицата кои застанаа против, беше и сопругата на актерот Кили, Гордана Деан Попхристова:

Не разбирам зошто некој би организирал мачење на дете да плива 64 км?

По што следеа бројни коментари, каде дел од нив ја обвинија за хејтерство, а дел од нив ја поддржаа и рекоа дека и тие истото се прашувале. Дел од коментарите, беа:

  •  „За да собере публицитет и пари. Можеби и да закечи некои комплекси од неостварени амбиции. Има доста можности.“
  • „Галиба за паре, не?“
  • „Ајде да се кладиме дека барем 50% од коментарите ќе речат дека си „хејтер“ и нешто си лечиш комплекси пошто „ти не можеш“…  exhibit А погоре… :)“
  • „Тоа и јас се прашувам исто се прашувам и каде се педијатрите каде се? Едно е благородната желба на детето, и тоа е за поздрав. Но сосема друго е што таа претставува здравствен ризик за дете во развој, и тука се возрасните, лекарите, но родителите пред се, кои требале да му објаснат дека треба да ја одложи реализацијата на таа цел за некоја година, а не да ја злоупотребат чистата детска намера“
  • „Драги мрчачи, не го познавате детето. Во случајов, вашите критериуми за ,,мачење на детето” не се валидни. Ќе ги препливат сите 64 кад-тад и жив и здрав ќе останит. Ама вие дали ќе прекините со мрчење? #јебалвекеш“
  • „Дете со срцева маана да плива маратон е за хитно лекарска комора да заседават“

Потоа по долгата дискусија меѓу Фб пријатели, Гордана се пројави со уште еден статус, поврзан со истата тема:

Значи супер е идејата детето да плива во хладна вода маратон и то 64 км затоа што детето тоа го сакало и имало благородна цел.? Сите што го мислите ова, би требало истото да го направите, со пливање или трцање, тогаш може ке разберете за што ви зборувам 

Меѓутоа, покрај Гордана, со ист/сличен став се огласи и Ранко Србакоски кој напиша:

Браво за Марко, затвор за тие што му дозволија.
Толкав напор бара преку 6000 калории енергија, тело на дете може да складира околу 1000 калории во форма на гликоген во мускулите и црниот дроб. Телото може да гори околу 10 грама сало на час, значи 90 калории на час. Другиот дел од калориите телото ги обезбедува со буквално јадејќи се себе.
Сигурно јадело нешто додека пливало ама и тоа е минимално затоа што крвта е во мускулите и тешко абсорбира храна, дури и идеален микс од јаглехидрати во форма на гел може да даваат само неколку грама на час,а многу од таа енергија оди и за работа на мозокот а не само на мускулите
Значи фактички организмот на Марко во идеални услови сепак морал да катаболизира(да изеде од себе) околу 3000 калории, што преведено во материја е околу пола килограм ткиво, мускули, органи… Не сакам да помислам колку фиброзирано односно мртво ткиво има детето во себе сега и којзнае какви здравствени проблеми ќе му направи тоа во иднина.
Во Велика Британија откако пред 30 години 11 годишно дете го преплива англискиот канал, согледувајќи ги здравствените проблеми и ризици кои доаѓаат после има забрана за помали од 16 години да го прават истото. Пливањето е опишано како долгочасовна агонија пропратена со халуцинации и плачење…
https://www.theguardian.com/…/a-boy-in-the-water-tom-gregor…
Само неуки луѓе што не разбираат како функционира човековот тело и бездушници би дозволиле младо дете да помине низ тој пекол.

Таму пак, слично како кај Гордана, исто имаше поделени мислења:

  • „Шуќур еден паметен и разбран човек“
  • „Браво брат,ама стварно ме чудит колкава е таа психо-физичка спремност на 12 годишно дете…знаејќи дека нема никакви допинг средства.“
  • „Пробај напрај го истото, Ранко“
  • „Ќе ме умриш. Чил малце хејј. Шо знајт дете шо е пливање 30км. :))) Фина имат годишна граница од 14 за пливање на отворени води. Детето имало тренинг кој се исплатил. Од сега па натаму во правилни раце ќе бидит уште поуспешен. Тешки драми прајш по интернетов.  Даваш пример за пливање во Ламанш под јаки струи и температура од 15 степени со Охридско езеро 23+ степени со “тепсија” вода. Не викам дека е лесно кај нас ама… на негови години до Трпејца и назад пливавме со парче леб од сабајле јадени.“

Тој исто така преку една објава, кажа дека неколку пати апелирал да не му се дозволи подвигот, ѕвонел и на роднини од детето да се откажат, сепак според него, пустата суета и неуките лекари и тренери со знаења од пред 100 години го пуштиле. Тој смета дека додека е жив ќе има сериозни последици од ова.

Какво е вашиот став околу подвигот на Марко?

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет