КЛЕТИТЕ АМЕРИКАНЦИ ПРОДОЛЖУВААТ ДА ЈА УНИШТУВААТ МАКЕДОЊА: Ни донираа 25 милиона долари за да се здебелиме и да цркнеме од дијабет!

Објавено на 31.08.2019 во 13:45:10 часот | Македонија

Република Северна Македонија ја доби втората транша во висина од 11 милиони долари од грантот од САД наменет за развојната цел „Република Северна Македонија е просперитетно, самоодржливо и инклузивно демократско општество“.

По тој повод денеска се одржа средба на која учествуваа заменик-министерката за финансии, Ширет Елези и претставник на УСАИД во Северна Македонија, Ненси Годфри. На средбата беше потпишан аандман на Договорот за грант меѓу Република Северна Македонија претставувана од Министерството за финансии и Соединетите Американски Држави претставувани од Агенцијата на САД за меѓународен развој, УСАИД.

Со склучување на овој Амандман, УСАИД  го зголеми и планираниот износ на средства за оваа развојна цел на 25,5 милиони долари.

Елези истакна дека договорот е од особена важност за нашата држава. „Средствата се наменети за активности што ќе овозможат зголемен раст на приватниот сектор, поголема вклученост на граѓаните во носењето на одлуките, зајакнато добро владеење и подобрена кохезија во општеството“, нагласи таа.

На денешното потпишување беше истакнато дека проектите имаат за цел да ја зајакнат конкурентноста на микро, малите и средните претпријатија, да го подобрат пристапот до финансии, да создадат поедноставено деловно окружување и да обезбедат поголема енергетска сигурност.

„За да се промовира учеството на граѓаните, програмите ќе го поддржат јакнењето на граѓанското општество и зголемувањето на професионалноста на независните медиуми. Со цел зајакнување на доброто владеење, обезбедуваме помош за градење на капацитетите на извршната власт, законодавните тела и националните изборни тела. И на крајот, во насока на зајакнување на врските меѓу заедниците, со овие средства се поддржуваат активности кои ќе ја подобрaт меѓуетничката интеграција и ќе го зголемaт вклучувањето на маргинализираните групи во општеството“, беше заклучено на состанокот.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет