Жерновски ќе го тужи Трајковски: Ќе мора да разбере дека налозите на неговиот шеф и пријател Груевски, кој го посетува во Будимпешта, му носат само штета

Објавено на 31.08.2019 во 19:50:47 часот | Македонија

Александар Трајковски, еден од обвинетите за случајот “Шамарите во Центар“, по денешното рочиште изјави дека Општина Центар, во периодот кога јас бев градоначалник, има финансирано проекти на Меѓународниот сојуз во висина од еден милион денари
Се разбира, тенденцијата на неговата партија ВМРО- ДПМНЕ е да бидам поврзан, на било каков начин и по било која цена, со името на осомничениот за предметот “Рекет”, Бојан Јовановски.
Должен сум да ја известам јавноста дека ниту еден искажан збор или податок од страна на Александар Трајковски не кореспондира со реалноста. Најодговорно тврдам дека никакви средства не се уплатени на сметката на наведениот сојуз.

Поради изнесување на груби и тенденциозни невистини, ја информирам јавноста дека ќе поднесам тужба за клевета против Александар Трајковски, при што, низ за него веќе добро познатите судски процеси, повторно ќе се соочи со законот и последиците од прекршување на истиот.
Трајковски ќе мора да разбере дека налозите на неговиот шеф и пријател Груевски, кој го посетува во Будимпешта, му носат само штета и дека еднаш веќе го однесоа пред лицето на правдата.

ФБ статус на Андреј Жерновски

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет