ТЕШКО ЌЕ СЕ НАВИКНАТ НЕКОИ ТАТИНИ СИНОВИ НА НОВОТО ВРЕМЕ: Синот на Мијалков се обидел да избега од сообраќајната полиција, за кратко бил фатен!

Објавено на 10.09.2019 во 11:57:23 часот | Македонија

Синот на Сашо Мијалков завчера не застанал на сообраќајната полиција во Скопје, но по интервенција на полицијата бил стигнат и запрен, дознава Центар од очевидец на настанот.

Од полицијата потврдуват дека имало ваков настан, но дека многу брзо бил запрен и му биле пишани соодветни казни.

-На 04.09.2019 околу 02,30 часот при вршење на редовна работа на ул.Аминта III (во близина на Министерство за земјоделие) полициски службеници дале знак за сопирање на возило „Шкода“ со скопски регистерски таблички, но возилото не застанало и се упатило кон бензиската пумпа. Веднаш се преземени мерки и возилото е запрено на паркинг на хотел во центарот на градот. Лицето е легитимирано и констатирано дека се работи за А. М. (19) од Скопје. Против А.М. се поднесени соодветни поднесоци.

 

 

* реклами:

Македонија

Свет