ДРАМА ВО СОБРАНИЕТО: МИЦКОВСКИ И МИЛОШОСКИ ЦЕЛИ 7 ЧАСА УПОРНО ОД ЗАЕВ БАРАЛЕ АМНЕСТИЈА ЗА СИТЕ ПОРАНЕШНИ ФУНКЦИОНЕРИ НА ВМРО ДПМНЕ, ЗАЕВ НЕ САКАЛ ДА ЧУЕ!!!

Објавено на 11.09.2019 во 09:19:36 часот | Македонија

МИЦКОСКИ БАРА ДА СЕ ЗАТВОРАТ ИСТРАГИ И ОБВИНЕНИЈА ПОКРЕНАТИ ОД СЈО ПРОТИВ ФУНКЦИОНЕРИ НА ВМРО-ДПМНЕ  И ПАРТИЈАТА СО ИЗРИЧНА ОДРЕДБА ВО ЗАКОН

Околу 2.30 часот по полноќ, новинарите, поради отсуство на информации од преговорите зад затворени врати и поради бесцелното чекање часови и часови, се договорија и си заминаа од Собранието колективно сите. - Од лидерската средба во Собранието (Фото: К. Попов)

Преговорите за Законот за Јавно обвинителство меѓу СДСМ, водени од Зоран Заев и Рената Дескоска, и ВМРО-ДПМНЕ, под водство на Христијан Мицкоски и Антонијо Милошоски, по седум часа во уставната сала на Собранието завршија без договор. Според нашите извори меѓу преговарачите,, преговорите се вжештиле повторно околу старото барање на ВМРО-ДПМНЕ, но овојпат директно кажано од Мицкоски.

Како што велат нашите извори, Мицкоски побарал предистрагите, истрагите и обвиненијата поведени по 30 јуни 2017 година да запрат со изрична законска одредба која би се вметнала во Предлог-законот за јавно обвинителство. Тоа бил само еден од условите од Мицкоски за да гласа ВМРО-ДПМНЕ за законот, кој се носи со двотретинско мнозинство.

Дознаваме дека Заев и министерката за правда Дескоска не прифаќаат таков предлог, со образложение дека опстанокот на предметите на СЈО до нивното конечно расветлување, се бенчмарк кој се очекува од Македонија да го исполни, за да може да очекува датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ.
 
 Некаде околу 2.30 часот по полноќ, новинарите, поради отсуство на информации од преговорите зад затворени врати и од бесцелното чекање часови и часови, се договорија и си заминаа од Собранието колективно сите.
 

Без договор заврши синоќешната средба меѓу лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски за Законот за јавното обвинителство и за идниот статус на Специјалното јавно обвинителство.

Извори на преговарачкиот тим на СДСМ брифираат дека ВМРО-ДПМНЕ инсистирале со закон да се укинат предметите на СЈО отворени по 30 јуни 2017.

Власта понудила да се направи ново обвинителство за висока корупција на чие чело ќе биде јавен обвинител предложен од опозицијата, а поддржан од 61 пратеник кој ќе може да покренува предмети доколку се утврди дека има криминал и во власта. Опозицијата барала кај него да бидат префрлени и предметите од првите 18 месеци отворени од СЈО, барајќи можност за нивно застарување, одолговлекување и оневозможување на нивните судски завршници.

Не се знае дали во следниов период повторно ќе има средби меѓу преговарачките тимови од двете страни.

Средбата траеше седум часа. Лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицковски не успеаја да се договорат околу клучните разлики за законот за ЈО и за идниот статус на СЈО.

До 15 септември завршува мандатот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која во моментот е во притвор како осомничена во случајот „Рекет“. Јанева со известување од затворот даде овластување сите предмети од СЈО да преминат во Јавното обвинителство. Оттаму денеска потврдија дека испратиле допис до СЈО за преземање на предметите.

Согласно законските овластувања, Јавниот обвинител Љубомир Јовески треба да одреди кој јавен обвинител ќе го продолжи секој од предметите. Со ова, според власта, веќе предметите на СЈО не зависат од политичарите, туку исклучиво од независна правосудна институција предводена од Јовески.

 

 

* реклами:

Македонија

Свет