Што мислите зошто Мицковски панично бара предвремени избори а Заев за жива глава не му ги дава?!

Објавено на 14.09.2019 во 11:23:03 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


ВМРО ДПМНЕ веќе 4 години, од 2015-та јава на хистеријата и паниката дека СДСМ ќе ја уништи земјата.

Нивната теза буквално е - ДА, НИЕ СМЕ МАФИЈА, АМА СМЕ БАРЕМ ПАТРИОТИ, ОВИЕ ОД СДСМ СЕ ЕМ МАФИЈА ЕМ ПРЕДАВНИЦИ!!!

Затоа Заев не брза со изборите а Мицко панично ги бара, затоа што оваа теза времето ја мие како морски бранови што уништуваат песочен замок направен од дечиња на плажа.

Секој месец, бран по бран, тој ПЕСОЧЕН ЗАМОК - СТРАШИЛО на ВМРО ДПМНЕ се руши и тоне во бестрага!

Нити МАКЕДОЊА ја снемува, нити се федерализира, нити се кантонизира, нити МАКЕДОНШТИНАТА е загрозена, нити земјата е загрозена, ништо од паниката која 4 години ја креираше ВМРО ДПМНЕ!

Нити пак БЕГАЛЦИТЕ ОД СИРИЈА СЕ НАСЕЛИЈА НА СВЕТАТА БИБЛИСКА ЗЕМЈА!!!

А од друга страна пак, бенефитите и плодовите од ризичните потези на Заев се повеќе доаѓаат, прво ќе биде НАТО, па старт на преговори со ЕУ, па раст на плати па раст на инвестиции па раст на буџет т.е полн буџет од наплата на даноци затоа што парички почнаа да доаѓаат во земјава, па повеќе социјални бенефиции, раст на пензии и детски додаток и социјална помош и минимална плата, па раст на капитални инвестиции, градинки, патишта, болници, студентски домови, мостови, водоводи, канализации, колектори, хидро централи, ветерници, сончеви централи, поефтина струја, поефино парно...

И така, како тече времето, ВМРО ДПМНЕ од НИЕ СМЕ МАФИЈА АМА СМЕ ПАТРИОТИ ќе остане само НИЕ СМЕ МАФИЈА, а она за СДСМ дека се МАФИЈАШИ И ПРЕДАВНИЦИ ќе остане само дека се МАФИЈАШИ но и тоа е се побледа етикета која упорно им ја лепи ВМРО ДПМНЕ со оглед на тоа што Заев му понуди на Мицковски јавен обвинител т.е шеф на обвинителство за висока корупција кој ќе може да истражува од 1991-ва па до бескрај во иднина, па еве бујрум ако има криминал нека апси, кој се огрешил нека лежи, со што и оваа етикета на ВМРО за СДСМ дека се МАФИЈАШИ паѓа во вода!

Значи на крај СДСМ ќе биде ЕМ ПАТРИОТСКА ЕМ ВИЗИОНЕРСКА ЕМ ДОМАЌИНСКА партија а ВМРО ДПМНЕ ќе остане само МАФИЈАШКА па дури и ПРЕДАВНИЧКА ако се види дека сме можеле уште пред 10 години да го решиме проблемот со Грција и Бугарија и да ги спасиме тие пола милион што се иселија и тие пола милион деца што не се родија а можеа ама немавме пари да се жениме и деца да правиме, она што плаче Влатче 24/7!

И тоа го плаши Мицко и му ги полни гаќите со пролив а му дава на Заев мир во срцето и насмевка на лицето! Затоа МИЦКО панично бара избори за да спаси што може да се спаси, но Заев знае дека што повеќе чека толку повеќе ќе ги прегази ВМРОНИТЕ и ќе ги направи ПЕПЕЛ на изборите!

Ајде да видиме дали тоа ќе се оствари!

 

 

* реклами:

loading...

Колумни

Македонија