ФОТО РАЗГЛЕДНИЦА ОД ПРИШТИНА: Градот се гради со неверојатно темпо за неколку години ќе биде како Менхетен, Њујорк!

Објавено на 16.09.2019 во 10:56:06 часот | Македонија

Стартот на патувањето Скопје - Приштина беше лош. Патот Скопје - Блаце е ужасно лош, а на граница се чека дури и по 1 саат!

Но потоа се се менува на подобро. Новиот автопат Арбен Џафери е феноменален и му дава на Косово еден шмек на нова развиена земја, средена, чиста, во напредок, се се гради на сите страни, се е ново, се е како што треба.

Приштина е посебна приказна. Пола град се гради со неверојатно темпо, кранови на сите страни и зградите кои се градат се со 50 метра висина.

Прекрасни облакодери а долу прекрасни ресторани, бутици, трговски центри, зеленило на сите страни.

Булеварот Бил Клинтон е прекрасен кој поминува низ центарот на градот. Споменикот на Блик Клинтон е впечатлив.

Новата зграда на владата е преубава, баш како што доликува на една центална власт, паќа порака на сила и бериќет.

Новата гигантска катедрала која го носи името на Мајка Тереза е прекрасна, висока над 50 метра навистина му дава убав шмек на градот.

Она што е најдобро се цените. Едно кафе е 1 евро, а и сите други цени се некако пониски од тие во Скопје.

Продавачите и келнерите се многу услужливи и љубезни. Има многу паркинзи низ градот каде за 1 евро на саат може да ви стои колата во центарот на градот на безбедно, се плаќа во кеш на човек во куќичка кој го чува паркингот.

Градот како да е поделен на делови според бизнисот кој е понуден, па имате цела улица со кафичи, потоа имате цело шеталиште со ресторани, па имате цела улица со прдоавници за мобилни телефони.

Анегдота секако е продавницата за мобилни која се вика GOOGLE:

 

Според она што го видовме, главни банки во Косово се германската Рајфајзен Банк и словенската НЛБ Банка.

Интересно е што градот е американски на лик па изобикува со рекалми и логоа на брендови, маркетите Фреш ги има насекаде и очиглендо се локален бренд и го владеат пазарот и на нивните продавници се извадени логоата на продуктите кои се продаваат внатре.

Бензиските пумпи на Шел ги има насекаде и се одлично направени да ти е мерак да застанеш бензин да ставиш.

Мобилен оператор кој дрма е ВАЛА, седиштето им е во центарот на градот.

Брендови кои ги има и во Скопје а ги видовме во Приштина се туристичката агенција Фибула, банкоматите на НЛБ кои ги има насекаде низ градот, а видовме и доста кафулиња кои носат имиња на наши градови па видовме Тетово Кафе, Гостивар Кафе итн...

Градот е одлично решен сообраќајно, има семафои и кружни токови, тротоари, паркови, шеталиште во центарот на градот затворени за коли, додека на улиците можеа да се видат луксузни коли како Ламбурџини, Ферари, Поршеа и луксузни Мерцедеси и БМВ-а...

На влезот во Приштина можеа да се забележат десетици големи краварски фарми, што значи земјоделието им е доста развиено.

Луѓето се многу модерно облечено, жените се разголени и убави, малку видовме забулени жени во градот.

Интересно е што такси возилата им се џипови Хјунади Санта Фе, нешто што е интересно и различно од другите градови.

Јавниот превоз е со нови автобуси со хармоника, како што имаше порано во Скопје.

Постарите зборат српски, помладите англиски, ако сакате нешто да прашате за правец или пак во ресторан нешто да нарачате.

Сите знаци во градот се преведени на Српски, на граница полицајците Албанци ве дочекуваат со зборовите ИЗВОЛТЕ и ДОБРЕ ДОШЛИ.

Ние во знак на куртоазија им враќавме со ФАЛИМЕНДЕРИ ШУМ, што значи фала многу на албански.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет