КАКВО СПЕКТАКУЛАРНО ТРЕСКАЊЕ НА ЗЕМЈА ОД ВИСОЧИНИТЕ: КАТИЦА ЈАНЕВА ОД ДЕНЕСКА Е НЕВРАБОТЕНА, РАЗРЕШЕНА И ОД ОБВИНИТЕЛ ВО ОЈО ГЕВГЕЛИЈА!

Објавено на 16.09.2019 во 13:10:52 часот | Македонија

Поради нестручно и несовесно работење, Советот на јавни обвинители ја разреши Катица Јанева и од обвинител. Во петокот Советот ја разреши од специјален, а денеска и од обвинител воопшто. Помошниците на Јанева, како што објави САКАМДАКААЖАМ.МК, се враќаат од местата кај што дошле. Јанева е во притвор од 21 август, како осомничена за злоупотреба на службената положба и овластувања во случајот „Рекет“.

Тие не може да се унапредат во виши обвинители како што вели Законот за Специјално обвинителство, зашто тој закон уште постои и не е укинат. Не е укинато со закон СЈО, сѐ уште, рече по денешната седница претседателот на Советот на јавни обвинители Ацо Колевски. Обвинителите Ленче Ристоска, Фатиме Фетаи, Гаврил Бубевски, Трајче Пеливанов и Артан Ајро се враќаат во Основното јавно обвинителство Скопје, Лиле Стефанова во Основното јавно обвинителство (ОЈО) Радовиш, зашто во мај 2018 година ѝ престанал мандатот во ОЈО за организиран криминал. Обвинителите од СЈО Бурим Рустеми и Љубомир Лапе се враќаат во ОЈО Куманово, Елизабета Јосифовска во ОЈО Гостивар и Стевчо Донев во ОЈО Кочани.

За распределбата на предметите на СЈО, рече Колевски, надлежен е Државниот обвинител Љубомир Јовески и Советот не може да се меша во тоа. Денешните судења за предметите на Специјалното обвинителство се одложија по барање на Државниот обвинител Јовески, поради тоа што во тек е попис на добиените предмети и докази од СЈО.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет