ТЕШКО НА ВМРОВЦИТЕ, ИСПРАВЕНИ СЕ ПРЕД ОГРОМЕН ПРЕДИЗВИК: Во право се луѓето, Заев не е Бранко, Заев е Киро Глигоров ама на 45 години со пола век политичка кариера пред себе!!!

Објавено на 17.09.2019 во 09:41:41 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Ја гледам црната реклама за Заев што ја направиле Груевци овие денови и се што можеле е собрале неколку гафови на Заев и потоа го клеветат за некакво национално предавство?!?!

Што е предавство, што ја носи земјата во НАТО да седи на маса со Американците и Германците?!

Што ќе почнеме преговори со ЕУ каде платите се над 1000е месечно и каде стандардот на живот е највисоко во светот, од секој можен аспект, здравство, плати, екологија, право, безбедност...

Тоа ли е тоа големо предавство што го прави Заев?!?!

Тешко на ВМРОВЦИТЕ! Пред себе имаат политичар кој досега СДСМ го немале кај себе, или го имале ама парцијално.

Имено, сите ќе се согласиме дека Заев не е Бранко и добро е што е така, затоа што ВМРО ДПМНЕ пет  пати го тепаше Бранко на избори, 1998-ма, 2006-та,  2008-ма, 2011-та и 2013-та. 

Добро на дел од тие победи се користеше со режим, но сепак далеку е полесно да го победиш Бранко од Заев.

Зошто? Затоа што Бранко пред јавноста е означен за урбан хедонист - елитист женкар алкос близок со криминалци и со олигарси.

Тешко дека тоа можеш да му го накалемиш на Заев, дури го нарекуваат сељакот од Муртино, несвесни дека со тоа му помагаат...

Зае по многу нешта наликува на еден друг голем лидер на СДСМ, а тоа е Киро Глигоров. Со тоа што Киро беше ем многу стар ем го докрајчија со атентат па го дотепаа човекот и му ја забрзаа староста.

Заев е на пола животен век од тој на Киро, има пред него уште 40 години политички живот и тоа мора да е многу страшен податок за Белата Палата.

Заев се вивна во врвовите на политиката крваво, со мака, со храброст, со битка, борејќи се против забегана мафија и режим и со тоа тој си обезбеди тикет за во историјата и малото друштво на државници кои се ценети не само на балканот туку и во светски рамки.

ВМРО ДПМНЕ ќе мора да соочи со Заев ист таков маркантен лик кој ќе плени со харизма интелект чистота и политичка визија. Мицко е комичен кловн и далеку од тој фото робот.

Ќе треба ВМРО ДПМНЕ да се потруди или со Митко Јанчев или со реформаторот Петар Богојески или двајцата заедно еден покрај друг, како сега што се Заев и Рада, прагматичарот и шармерот со урбаната интелектуалка.

Така и Јанчев важи за харизма и практичар бизнисмен а Петар е интелектот и визионерот. Но ќе треба време за ВМРО ДПМНЕ да најде формула како да го победи Заев, им посакуваме за доброто на земјата да ја најдат таа формула брзо, за СДСМ да не забега.

 

 

* реклами:

loading...

Колумни

Македонија