Агенцијата „Стандард и Пурс“ објави нов извештај, во кој го потврди кредитниот рејтинг на нашата земја „ББ-“, со стабилен изглед

Објавено на 17.09.2019 во 22:53:27 часот | Македонија

Во извештајот, меѓу другото, „Стандард и Пурс“ повторно наведе дека мерките на Народната банка, како што е пониската задолжителна резерва за обврските на банките деноминирани во денари, придонесуваат за намалување на вкупната евроизација во земјата, којашто воедно е и пониска споредено со другите економии во регионот.

„Стандард и Пурс“ одделно се осврна и на девизните резерви, коишто во текот на оваа година бележат раст, во најголема мера како одраз на интервенциите на Народната банка на девизниот пазар.

Во извештајот посебен акцент е ставен на банкарскиот систем, со нагласок дека тој е стабилен, ликвиден и добро капитализиран, со ниско ниво на нефункционални пласмани.

Стандард и Пурс“ даде позитивни оцени и за кредитниот пазар во нашата земја.

Повеќе информации на: http://nbrm.mk/ns-newsarticle-soopstenie-07092019.nspx

#НароднаБанка

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет