ОВИЕ СТРАНЦИТЕ СТВАРНО МНОГУ НЕ МРАЗАТ: Кралството Шведска обезбеди 520.000 евра за граѓански организации и медиуми

Објавено на 19.09.2019 во 12:12:27 часот | Македонија

 
Кралството Шведска преку проектот Нордиска поддршка за напредок нa Македонија обезбеди 520.000 евра за поддршка на граѓански организации и медиуми со цел да се поттикне нивното активно учество и вклученост во процесот на пристапување во ЕУ, за што е отворен јавен повик.

Тој има за цел да помогне во зголемување на инцијативите на граѓанските организации и медиумите да ги следат, да се залагаат и да учествуваат во активностите што се поврзани со спроведување на клучни реформи поврзани со процесот на пристапување во ЕУ, обезбедување на добра законодавна рамка и развој на одржливи политики кои ќе бидат од корист на граѓаните.

– Регистрираните граѓански организации и медиуми имаат можност да аплицираат за грантови до 33.000 евра во рамките на делот на повикот кој е наменет за поддршка на граѓански организации и грантови до 80.000  евра во рамките на делот што е наменет за поддршка на медиуми. Предлог проектите треба да бидат со период на имплементација од осум до дванаесет месеци и да се достават до 30 октомври. Деталните критериуми и потребната документација за пријавување може да се најдат на веб страната на проектот nordiskapoddrska.org.mk -, се вели во соопштението од Канцеларијата на UNOPS во Скопје.

За сите заинтересирани организации ќе се организираат три информативни сесии за презентирање на повикот, споделување на дополнителни информации и појаснување на одредени прашања за повикот во Тетово на 19 септември во хотел Меркур, во Битола на 24 септември во хотел Епинал и во Скопје на 27 септември во хотел Бест Вестерн, сите со почеток во 12 часот.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет