И НАШАТА КАТИЦА ЈА ЧЕКАШЕ ВАКВА СВЕТСКА КАРИЕРА: Земјите членки на ЕУ ја поддржаа Лаура Ковеси за европски обвинител, Романија гласаше против

Објавено на 19.09.2019 во 20:59:28 часот | Македонија

Амбасадорите на земјите членки се изјаснија за кандидатурата на Романката Лаура Ковеси на функцијата европски обвинител.

Европскиот Парламент исто така ја поддржа Ковеси пред неколку месеци, како и со денешното гласање на ниво на земјите членки, Романката е речиси сигурна дека ќе стане првата обвинителка на ниво на ЕУ и покрај противењето на романската влада.

Лаура Ковеси беше на мета на социјалдемократската влада во Романија во последните месеци поради нејзината работа како обвинител во антикорупциската единица. Ковеси беше разрешена, а владата во Букурешт не ја поддржа нејзината кандидатура за европски обвинител.

Повеќе европратеници ја поздравија одлуката на амбасадорите на ЕУ денеска како и искуството и интегритетот на Ковеси.

Како ЕУ обвинителка Ковеси ќе биде задолжена да ги гони злоупотребите на европските фондови во земјите членки.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет