ПЕТАР КОЛЕВ: ВИЗИЈАТА НА ГДУ Е ОГРАНИЧУВАЊЕ НА МОЌТА НА ВЛАДАТА И НЕЈЗИНИТЕ ИНСТРУМЕНТИ

Објавено на 19.09.2019 во 21:20:44 часот | Македонија

„Граѓанско Демократската Унија, пакетот прашања, кои ја тангираат сферата  на индивидуалните граѓански права и слободи, ја има поставено како приоритет во својата политичка платформа. Без лажна скромност, би додал дека можеби такво ниво на приоритет не постои кај повеќето регистрирани политички партии.

Во тој дух, визијата на Граѓанско Демократската Унија за ограничување на моќта на владата и нејзините инструменти, е втемелена како двигател на нашето политичко дејствување.

Искрено жалам што овие предизвици не секогаш го привлекуваат вниманието на дел од оние кои влијаат на креирирањето на јавното мислење во Македонија, но сепак, веројатно станува збор меѓудругото и за интелектуален предизвик за кои верувам дека не сите се подготвени.

Ние како политичка партија секогаш истакнуваме дека е неопходна промена на политичкиот систем, рационализација на државните органи, нивните надлежности, буџет и одговорност. Првиот чекор за тоа е реформа на целиот изборен процес како на национално, така и на локално ниво, проследено со намалување на бројот на пратениците и нивните привилегии.

Истата рационализација треба да биде проследена и на бројот и ингеренциите на членовите на општинските совети.

Затоа, Граѓанско Демократската Унија ја поздравува секоја искрена иницијатива која може  да придонесе во тој процес за кој не се сомневам дека ќе се случи во Македонија.

Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на „Цивил“ за напорите кои ги вложуваат токму на овие прашања и за претстојната конференција на тема – „Перспективите на македонските избори“.

Верувам дека приврзаници на идеите за кои зборував претходно има многу повеќе и имаат капацитет да дадат придонес“, изјави на денешната прес-конференција, претседателот на ГДУ, Петар Колев.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет