Формиран Македонско – Швајцарски бизнис клуб

Објавено на 19.09.2019 во 21:41:36 часот | Македонија

Јасминка Талеска, директор на швајцарската компанија „Новартис“ е избрана за претседател на Македонско – Швајцарски бизнис клуб кој се формира деновиве со поддршка на Амбасадата на Швајцарија и Сојузот на стопански комори на Македонија.

– Креирањето на македонско швајцарскиот бизнис клуб, покрај тоа што ќе отвори безброј врати и можности за членовите, ќе придонесе и за вмрежување на илјадници компании, изградба и зајакнување на односи, взаемна промоција на истите и многу други придобивки. Како пазар да претставуваме цел, за влез и работа на компаниите од Швајцарија е примарна цел и од истата ќе имаат бенефит двете страни – изјави Талеска.

Претседателксата на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска истакна дека бизнис клубот се формира како резултат на потребата и потенцијал за зголемување на деловната соработка и на бројот на компании од Швајцарија кои работат во нашата земја.

– Постои голем потенцијал за натамошно унапредување на можностите за соработка меѓу компаниите од двете земји. Целта на формирањето е пред се да ја зголемиме соработката. Обединувајќи ги компаниите кои се со швајцарски капитал и компаниите од Сојузот кои имаат интерес за соработка, веруваме дека ќе делуваме кон зголемување на трговската размена која според статистичките податоци минатата година изнесуваше 105 милиони евра, со остварен извоз од 40 милиони евра и увоз од 65 милиони евра – рече во своето обраќање претседателката на Сојувот на стопански комори  Арсовска.

Заменик амбасадорот на Швајцарија, Стефан Томаџан рече дека Амбасадата ќе се залага во својот домен за јакнење на соработката меѓу двете земји, со особен акцент на зголемување на трговската и економска соработка.

– Задоволство е што на денешниот настан се присустни компании од Швајцарија и компании заинтересирани да остварат деловна соработка со Швајцарија да се здружат и да формираат деловен клуб. Ова е знак дека билатералните економски односи се добри. Убедени сме во потенцијалот за зголемена трговија и инвестиции меѓу нашите две држави. Во таа насока, новиот деловен клуб ќе има корисна улога – изјави Тoмаџан.

Моментално над 40 компании се со 100 отстотен швајцарски капитал или дистрибуираат проиводи или услуги од Швајцарија на македонскиот пазар.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет