ПИСМО ДО ЕКОНОМСКИОТ ТЕРОРИСТ БРОЈ ЕДЕН: СПИЕШ ЛИ МИРНО ЛИЛЕ ДОМ СЕГА КОГА ИЗБРКА ИНВЕСТИЦИЈА ОД 500 МИЛИОНА ЕВРА КОЈА ТРЕБАШЕ ДА ОТВОРИ 1000 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА?! ТИ И ТВОИТЕ ЕКО ФАНАТИЦИ НЕ СТЕ СПАСИТЕЛИ НА ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА, ВИЕ СТЕ ГРОБАРИ НА ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА!

Објавено на 02.10.2019 во 14:07:17 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Еко фанатиците успеаја, со протести, со референдуми, со невидена хистерија и врева ја натераа владата да ја раскине концесијата за рудникот Иловица, инвестиција од Канада која требаше да донесе 500 милиона евра инвестиција и да се отворат 1000 нови работни места директно но индиректно ќе се отвореа над 10 000 работни места.

Сега Лиле ДОМ ти да одиш со твоите еко фанатици во источна Македонија и ти да им најдеш работа со 500е плата на луѓето таму.

Ти и твоите еко терористи економски да одите да ги наполните буџетите на општините во источна Македонија, вие да го наполните централниот буџет за да ја компензирате загубата од инвестиција од 500 милиона евра што требаше да се случи со рудникот Иловица.

Вие мислите дека сте некакви спасители на Источна Македонија? Вие не сте свесни дека уствари сте гробари на Источна Македонија.

И јас сум за екологија, но реалноста и животот се далеку од таа утопија и идила која вие ја заговарате.

Многу луѓе имаат тежок живот затоа што немаат избор па работат во рудници и разни фабрики за тешка индустрија.

Но дома леб мора да се носи, семејството мора да се храни. Со тоа што фанатично се борите против сите рудници вие зацрнивте илјадници фамилии кои можеби ќе си најдеа егзистенција тука дома но сега ќе мора да одат во странство.

Лесно е да упропастиш инвестиција, тешко е да ја привлечеш и да ја реализираш.

Лесно е популистички да го тераш народот да оди против својот интерес, затоа што народот е неук, неупатен, неинформиран и лесен за манипулација.

Ти како учен човек треба да најдеш баланс меѓу утопијата и реалноста, меѓу можното и идеалното.

Модерни еколошки рудници има, можни се, но ако се сака и ако се прифати реалноста дека идеална индустрија нема, секоја индустрија загадува во некоја мера но најбитно е на луѓето да им се обезбеди работа и живеачка.

Сурово е да оставиш еден регион кој е најсиромашен во Европа да остане таков без можности и работни места и да си живееш во Карпош со пратеничка плата.

Тоа е сурово, нечувствително, тоа е немање на осет и на чувство за реалност и маката на народот на истокот.

Јас сум роден на истокот, таму тешко се живее, освен Струмица и Кочани, се друго е ридишта на кои не никнува ништо.

Тоа е една пустелија која со векови живеела од рудници и сега и дури таа мала можност да се укине е невиден терориризам и блесавост за која немам никакво разбирање.

Мојот дедо Димче иако имаше земја и стока во село во Кратово мораше да работи во риудник и пешки да оди по 2 саата во два правца за да ја прехрани фамилијата, се пензионираше како рудар иако имаше земја и стока и бавчи, но од земјата на истокот не се живее, не е плодна, нема вода, нема родност, посна е...

Ова важи за цел исток, освен  Кочани и Струмица реков, се друго е пустелија. Ние таму ги немаме житата на Пелагонија, нити тутуните на Прилеп нити лозјата на Кавадарци и Неготино нити бавчите на Полог и Струмица, нити плажите на Охрид, ништо нема на истокот! И тоа единствено што го има, рудата под земјата сега се трга како можност за егзистенција.

Епа ајде да ги укинеме градовите на истокот и народот да го населиме цел во Скопје, сите тие 300 000 грешници и гревови!

Се надевам ќе спиете мирно знаејќи дека сте оставиле гладни илјадници семејества, срам да ви е!

п.с Економските терористи еко фанатици не застануваат кај рудниците. Најавуваат протести и против хидроцентралите, ветерниците, каменоломите, железарите и секаков вид на индустрија кој не е еко туризам и производство на мед од пчели. Што ќе се прави со овие фанатици?! Владата ќе мора да даде отпор, нема крај на ова лудило!

 

 

* реклами:

loading...

Колумни

Македонија