Ме фрапира дрскоста и патолошкото лажење кое извира од белиот дворец кој е своевиден политички ЧЕРНОБИЛ во земјава!!! EJ ОНИ ЌЕ ЈА ОБНОВУВАЛЕ МАКЕДОЊА ОТКАКО ЈА ОСТАВИЈА ОПЉАЧКАНА И ВО РУИНИ ВО ДОЛГОВИ И ВО ОПШТ ХАОС?!?!?!

Објавено на 04.10.2019 во 11:45:31 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Многу сум разочаран и да бидам искрен и загрижен и исплашен што се случува во ВМРО ДПМНЕ.

Таму не се чувствува ни грам каење и жалење за тоа како владееја?!?!

Како да преовладува мислата дека се во политиката е ПР и маркетинг?!?!

Нема едно спуштање на земја, едно дистанцирање од Груевизмот, едно извини кон јавноста, едно каење, па ветување дека никогаш нема така да се владее...

Па да се признае дека оваа влада во многу аспекти ги има подобрено нештата, но дека тие ВМРО ДПМНЕ, обновени, реформирани еве знаат и можат подобро таму и таму, така и така...

Но не, се е лага, се е хистерија, се лаже за Груевизмот, се лаже за Заевизмот, па дури еј пази, они ќе ја обновеле Македоња?!?! Еј ВМРОВЦИТЕ ќе ја обновеле?!?!

Па која е ова дрскост човече?!?! Ај ќе ја однеле ПОБРЗО во ЕУ и НАТО, ај ќе ја кренеле платата ПОБРЗО тоа разбирам, ама ќе ја обновеле бе?!?!

Како можеш да обновиш ти кој си ја запалил куќата и си ја срушил до темел и сега некој пак ја гради полека и ти наместо да се извиниш и кажеш еј пази тој стуб малце бега од тежиштето ти се правиш манга и даса и ветуваш дека ќе си градел а дека некој друг рушел а тој што наводно рушел не знае кај да почне да гради затоа што му оставивте една ХИРОШИМА од земја...

Ми се гади од ВМРОВЦИТЕ, ме плашат овие копилиња, ми е страв дека Груевизмот само е паузиран и чека некој да стисне ПЛЕЈ и пак да тера по старо, тоа е навистина нешто што треба сите да не загрижи!!!

 

 

* реклами:

loading...

Колумни

Македонија