ГЕРО ТИ НЕ СИ JA РАЗБРАЛ НИТУ ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА, НИТУ ЗАЕВ НИТУ МЕНЕ, НИШТО ТИ НЕ СИ РАЗБРАЛ БРЕ СТАРИ, СЕ ЧУДАМ КАКО Е МОЖНО НОВИНАР ДА БИДЕ ТОЛКУ СЛЕП И ГЛУВ И ИЗГУБЕН

Објавено на 05.10.2019 во 22:20:15 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Геро го плаши СДСМ со нови политички партии кои ќе се појавеле на политичкиот мегдан и ќе го загрозеле СДСМ?!?!

Па си нарачува контра - колумни, мисли дека Заев ќе се уплаши од едни такви најави, појави па ќе почне да нарачува црна пропаганда за таквата идеја, мисли дека јас ќе бидам возбуден за тие негови најави...

Ништо бе Геро ти не си разбрал ниту за Заев ниту за Шарена Револуција ниту за мене. Се чудам како може еден стар уредник толку да биде слеп глув и без осет за тоа што се случува околу него...

Заев не е во политиката за да ја држи власта како диктатор.

Нити пак јас сум новинар кој ќе помага некој таков политичар.

Ако се појави политичка сила која ќе понуди нешто подобро од СДСМ во моментов, супер, ако народот ги прифати и се залепи на нив, пак супер.

Тоа значи дека земјава ќе добие подобра власт од сегашната, што е навистина супер!

Зошто Заев или јас би се плашеле од такво нешто?

Заев ќе се врати во МАМАС, јас ќе си бидам и понатаму уредник на успешен портал, зошто тоа би не загрозило?

Геро па ти како да си поверувал во ВМРОВСКАТА пропаганда дека Заев е криминалец опкружен со куртони платеници? Ако си поверувал во тоа тогаш навистина твојот Алцхајмер е во многу понапредна фаза од што мислев...

Разбери бе Геро, Заев е херој кој се впушти во ризична игра по цена живот да изгуби за да ја направи својата татковина како фирмите на Заеви - со светски квалитет!

Заеви се вредни хумани луѓе кои не можат да мислат само на себе кога се околу нив пропаѓа. Тоа треба Геро да го разбереш, 10 години си во близина на Заев а уште не успеа да го дешифрираш човекот.

ТОа покажува колку си неинтелигентен и туп. И его манијак, од своето его не гледаш ништо околу себе. Ти си центар на светот, ти си сонцето, се околу тебе се сателити кои се вртат околу тебе и не заслужуваат длабинска анализа, затоа Заев ти промакнал.

Ниту мене не си ме разбрал. Јас Заев не го подржувам затоа што зависам од него, туку затоа што мислам дека тој работи добро за земјата. Ако се појави некој подобар од него веднаш ќе застанам зад него.

Ако Заев почне да и штети на земјата ќе почнам да го критикувам, како што правев со Груевски. Тоа е толку просто. 

Но зошто ти пукаш по Заев кога отј ја води земјата во НАТО и ЕУ и владее демократски и левичарски и реформски? Што ти смета кај Заев? Тоа што не си главен стратег? Од себични причини? Тоа ли е проблемот?

 

 

* реклами:

loading...

Колумни

Македонија