ОДЛИЧНИ ВЕСТИ: „Маркарт“ го шири производството во земјава!

Објавено на 08.10.2019 во 19:08:27 часот | Македонија

По пет години работење во земјава компанијата „Маркарт“ најави проширување на капацитетите и отворање на нови работни места.Тоа беше повод премиерот Зоран Заев денеска да ја посети фабриката во Велес каде што разговараше со менаџментот.

– Оваа средба беше одлична прилика уште еднаш, овој пат, непосредно, да го запознаеме раководството на компанијата со можностите и со придобивките што им стојат на располагање како придобивки за реализација на нивната намера да инвестираат во нови проширувања на нивните капацитети – изјави Заев по посетата.

Заев потенцира дека втората голема придобивка од оваа и ваквите слични средби со другите компании како директни странски инвестиции, и што низ разговорот со нив може да се слушнат нивните потреби, сугестии и решенија за одредени прашања од нивното работење.

– Тоа е одличен начин директно од индустријата, на терен, да се информираме за потенцијалите за усовршување на условите за развој на компаниите, за нивните дилеми пред да започнат нов инвестициски циклус, и на тој начин да го усовршуваме системот за поддршка на странските инвестиции.Најважно од оваа комуникација е што овие средби и разговори се секогаш од огромна придобивка за граѓаните, зашто новите инвестиции отвораат нови работни места, повисоки плати, и повисок стандард на живеење – рече Заев.

Сопственикот на компанијата „Маркарт Груп“, Харалд Маркарт рече дека „Маркарт“ е целосно подготвена да инвестира во нов развој на компанијата во земја со брза развојна економија и дека се подготвени да учествуваат и во поддршката на образованиот систем за креирање на стручни кадри за работа во високо-технолошки индустрии.

Фабриката „Маркарт“ во Велес е инвестиција на германската „Маркарт Груп“ вредна 35 милиони евра. Во неа работат 650 работници.

„Маркарт Груп“, една од водечките производители во светот на електромеханички и електронски прекинувачи и преклопни системи за автомобилската индустрија и во индустриите за електрични алати и апарати за домаќинство.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет