ВЛАТЧЕ ЃОРЧЕВ ПОСЛЕ ОВОЈ ПОТЕГ НА ВЛАДАТА ЌЕ ПРЕМИНАЛ ВО РЕДОВИТЕ НА СДСМ: Ќе се градат 5 нови градинки, отвораме простор за вкупно 760 дечиња!

Објавено на 08.10.2019 во 19:16:09 часот | Македонија

Ќе се градат 5 нови градинки, отвораме простор за вкупно 760 дечиња 

Министерството за труд и социјална политика денеска потпиша договори за грантови за изградба на нови градинки со пет општини во вкупен износ од 228.100.000,00 денари.

„Со потпишување на овие договори отвораме простор за 760 нови деца. За првпат по долго време во нашата држава ќе се градат вакви големи објекти, бидејќи ја препознаваме клучната улога на предучилишното образование за раст и развој на децата. Инвестираме во нови градинки, но исто така вложуваме и во луѓето кои ги обликуваат нашите идни генерации. Со зголемување на платите и јакнење на компетенциите на кадарот во градинките градиме вистински квалитетно предучилишно образование, кое ќе ги подготвки нашите деца за животот понатаму“, истакна Царовска.

Со средствата од овие грантови, обезбедени со поддршка од Светска банка, ќе се изградат нови градинки во Крива Паланка со капацитет за 100 деца, во Ѓорче Петров со простор за 175 деца и во Струмица за 300 деца. Исто така ќе се адаптира нов простор за градинка во Боговиње со капацитет за 105 деца. МТСП ќе обезбеди и дополнителни средства за опремување на новите објекти.

Буџетот на Министерството за оваа година за нови градинки и подобрување на квалитетот на предучилишното образование е зголемен за 300%. На првиот јавен повик се избрани 17 општини чии проекти ги финансира МТСП, во средина на 2020 година ќе се објави нов јавен повик до општините.

МТСП гради по план, односно ги зема предвид потребите за нови градинки и во урбаните и во руралните средини. Со изградба на нови објекти, предвидено е да се креираат дополнителни 7.500 места во установите за згрижување и воспитание на деца и со тоа да се подигне опфатот на децата од 3-6 години на 50%.

Одделение за односи со јавност

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет