ЈАВНОСТА ВО ШОК- ЈАНЕВА ПРАКТИЧНО ЈА ПРИЗНА ВИНАТА: Нема да даде исказ пред Русковска, ќе се брани со молчење

Објавено на 09.10.2019 во 09:46:15 часот | Македонија

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева нема да дава исказ пред обвинителката Вилма Русковска за истрагата „Рекет“, односно одлучила да се брани со молчење.

-Јанева ќе го искористи правото да не дава исказ во оваа фаза на постапката, изјави адвокатката Ирена Фрчкоска за „Фокус“.

Јанева и нејзините адвокати имаат рок од уште два дена до обвинителството да предложат свои докази и сведоци, но адвокатката Фрчкоска вели дека и тоа право ќе го искористат понатака во постапката.

Во наредните неколку дена се очекува Апелација да одлучи и дали Јанева ќе излезе од притвор, а наскоро се очекува и обвинителката Рускосковска да го поднесе обвинението за „Рекет“.

-Истрагата ми заврши пред повеќе од 15 дена. Исказ на обвинет не е процесно дејствие, туку право да даде одбрана или да го користи правото на молчење, ни одговори обвинителката Русковска на прашањето дали е точна информацијата дека за неколку дена ќе биде поднесен обвинителниот акт.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет