Kултурните работници протестираа пред Влада. Бараа итно потпишување на нов колективен договор со кој ќе се уредат платите

Објавено на 09.10.2019 во 10:28:14 часот | Македонија

Културните работници протестираа пред Влада. Бараа итно потпишување на нов колективен договор со кој ќе уредат платите.

Колективен договор за култура во нашата држава последен пат беше потпишан во 2005 година помеѓу СОНК- Самостоен синдикат за образование , наука и култура на РСМ и Министерството за култура.

-Помина 30 септември, колективен договор сè уште немаме и затоа денеска излегуваме со марш како последно предупредување пред да ја активираме нашата постапка за штрајк. Со Министерството за култура сме во добра соработка, на наше барање по долго време се активираше работната група за колективниот договор. Имаме ветување и од Владата дека средства за колективен договор ќе бидат обезбедени и дека тој ќе се спроведе од 1 јануари 2020. Но, тоа не значи дека не треба денес да маршираме. Нашето искуство покажа дека ветувањата не беа исполнети во минатото, изјави Сања Арсовска, претседателка на СКРМ, на стартот на протестниот марш зад Филхармонијата.
 

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет