БУГАРИЈА НИ ЗАРИ НОЖ ВО ГРБ: Софија бара да се откажеме од признавање на македонско малцинство во Бугарија

Објавено на 09.10.2019 во 10:40:53 часот | Македонија

Владата на Бугарија денеска треба да ја утврди позицијата и условите за поддршка на евроинтеграцијата на Северна Македонија.

Вицепремиерката и министер за надворешни работи Катерина Захариева вчера изјави дека ќе бидат утврдени најважните услови на Софија за поддршка на членството на Скопје во ЕУ.

Во пресрет на очекуваната одлука на Советот на ЕУ за отворање на преговорите, Захариева вели дека Бугарија има интерес тие да почнат, но оти поддршката нема да биде безусловна.

Условите што ќе ги постави Софија се Скопје да ги запре сите претензии за признавање на македонско малцинство во Бугарија, да запре антибугарската идеологија и говорот на омраза, постигнување согласност околу историските прашања и јасни временски одредници за исполнување на овие услови.

– Ние поддржуваме почнување на преговорите, но со јасно вклучување на нашите услови во преговарачката рамка. Тоа се и критериуми за приклучување во ЕУ. Во 35-то поглавје треба да бидат вклучени сите овие прашања. Бараме ова поглавје да биде отворено на почетокот, а да биде затворено на крајот на преговорите, изјави Захариева.

Во бугарското Собрание, пак, вчера беше доставена Предлог-декларација за проширувањето на ЕУ и за процесот на пристапување на Северна Македонија и Албанија. Во документот Софија го повикува Скопје да го спроведува ефикасно, без одлагање и со добра волја Договорот за пријателство и добрососедство. Во текстот се посочува и дека Бугарија се залага за прифаќање на вистината за заедничката историја на двете држави и народи. Се бара да биде прекината секаква форма на говор на омраза кон Бугарија и кон граѓаните на Северна Македонија со бугарско национално чувство.

Во декларацијата се поставуваат неколку услови и за Албанија, како што се гарантирање на правата на бугарското национално малцинство, изучување на мајчиниот јазик, попис на населението според европски стандарди.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет