ГЕРО ВО НОВА УЛОГА: ЗАДОЛЖЕН ДА ГИ ПЕРЕ СРАЊАТА ВО БЕЛИОТ ДВОРЕЦ КОИ СМРДАТ ДО АЉАСКА!

Објавено на 09.10.2019 во 11:41:13 часот | Македонија

Во најновата колумна на Плусинфо, Геро се прикажува како спасител на ВМРО ДПМНЕ, перач на гомната и лајната собрани во Белиот Дворец речиси една декада и кои смрдат до далечната Аљаска.

Па така, Геро тврди дека Мицковски се оградил од Груевски, иако самиот Мицковски тоа го негира на тв пред очите и ушите на целата јавност?!?!?!

Геро не убедува дека Мицковски не се слуша и не се гледа со Груевски, а доказ за тоа е што Мицковски така му кажал по телефон?!?!?!?!

Геро очигледно решил да ја фрли сета своја новинарска тежина и капитал за спас на ВЕМЕРЕТО и враќање на власт на ВМРО ДПМНЕ, вакво анти западно, про мафијашко, албанофобоско, бугарофобско, ќосевско, терористичко...

Зошто? За тоа има повеќе анализи. Еве една која е наша:

Геро е новинар кој целиот свој живот зависи од финансиска и логистичка помош од надворешни фактори.

Сите негови проекти се финансиски инјекции од невладини организации, фондации, партии, олигарси...

Како можеш да се поставиш во позиција да добиеш таква финансиска помош? Или да си врзан со власта или со опозицијата!

Ако си со власта тогаш си режимски куртон, ако си врзан со опозицијата тогаш си херој кој се бори за слобода и големо новинариште! Но сепак цицаш пари и логистика! И само јаваш и глумиш голем уредник, додека друг ти ја плаќа сметката.

Така беше и со Дневник, му го платија Сорос, така беше и со Шпиц и Време, му ги плати Велија, така беше и со Слободен Печат, му ги плати опозицијата, Заеви тука многу помогнаа.

Сега Геро си бара нов ШУГАР ДЕДИ, се чини тоа е Камчев кој ја спонзорира ВМРО ДПМНЕ, па сега Геро наредните 5-6 години ќе јава на проекти кои ќе ги финансира ВМРО ДПМНЕ односно Камчев и Груевски.

Геро пак ќе биде големо новинариште кои пак ќе руши влади, некој тоа пак ќе го плаќа се додека Геро не најде нова опозиција која ќе му ги плаќа авантурите, можеби тоа пак ќе биде СДСМ и Заеви кога ќе паднат од власт за неколку години.

Тоа е дечки. Проблемот во оваа формула на Геро е што ако опозицијата е поврзана со мафија и со сили кои не и мислат добро на земјата? Што тогаш? Дали свесно влегуваш во соработка со сили кои се штетни за земјата?

Епа сега, нема совршена формула и Геро сега за прв пат е фатен во овсајд, да помага опозиција која всушност е за никаде и отров политички, со тоа Геро за прв пат е фатен во офсајд како помага мафија, тешки националисти, тешки анти-западњаци, тешки бараби и багабонти терористички.

За прв пат формулата на Геро наместо да му оди во прилог, му оди на штета! И ТУКА ГЕРО Е ФАТЕН НА ВЕТРОМЕТИНА СО ГОЛ ГАЗ!

п.с Најсмешно и најбедно во целата работа е што порталот Плусинфо почна до точка и запирка секој ден да ги пренесува фб колумните на бегалецот Груевски. Замислете, Плусинфо стана личен блог на Груевски??!?! Мајко мила, која е ова новинарска траги комична трансформација!

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет