ДЕНЕСКА ПОКРАЈ ФРОСИНА РЕМЕНСКИ, НАЈГОЛЕМИ ГУБИТНИЦИ СЕ ВМРО ДПМНЕ И СИТЕ ОНИЕ КОИ ПОСАКУВАА ЗАЕВ ДА БИДЕ СРУШЕН ОД ВЛАСТ СО РЕКЕТ - ЗНАЧИ МАФИЈАТА И КУРТОНИТЕ!

Објавено на 09.10.2019 во 18:08:09 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Фросина Ременски денеска е голем губитник. Таа имаше фантастичен подем во политиката, од нигде никаде се појави и прва укажа на злоупотребата на системите за прислушкување уште пред да пукнат бомбите на Заев...

Со нејзиниот сопруг Јовче Ременски високо во позициите на МВР каде биеше битка со Чавков, тие беа навистина борбен револуционерен пар, слично на генерал Ангелов и неговата сопруга Јасминка.

Но Ременски направи неверојатна грешка, падна наивно на шармот на Боки 13-ка кој сурово ја злоупотреби. Сега ќе плати голема цена за тоа, но верувам дека ќе докаже дека е невина.

Но она што е најчудно, денеска најголеми губитници не се Заев и СДСМ, туку опозицијата и сите кои посакуваа Заев да падне поради Рекет, значи мафијата и куртонската багра!

Тие посакуваа две нешта, или обвинение на високи функционери на СДСМ каде ќе се покажеше дека СДСМ бил длабоко вмешан во рекетирање, и тоа да оди се до Зоран Заев или пак да нема никакви обвиненија во СДСМ и само стапот да го јадат Боки и Катица.

Но сега, со ова решение, ВМРО ДПМНЕ и мафијата имаат ситуација која најмалку им одговара - никој не е поштеден, но СДСМ не е вмешан во рекетирање!

Се што направила Фросина Ременски е што седела на состаноците, ниту земала пари, ниту била вмешана директно во измамите, но со своето присуство ненамерно нанела штета со тоа што му поммогнала на Боки да изврши притисок.

Нема конекции до други луѓе во СДСМ, нема торби на пари кои оделе кон Бихачка, нема ништо!

Од друга страна, истрагата не поштеди никого, Фросина Ременски ќе настрада и со тоа се покажа дека СДСМ не е ВМРО, можете ли да замислите најблизок човек на Груевски да биде обвинет за тежок криминал додека царуваше Груевизмот?!?!

Се разбира дека не, тоа беше мислена именка.

Вака јасно е - ИМА ПРАВДА, СДСМ МОЖЕБИ Е НАИВЕН НО НЕ Е КРИМИНАЛНА БАНДА КАКВА ШТО САКА ДА БИДЕ ПРИКАЖЕНА ОД ВМРО ДПМНЕ!

СО ТОА ЗАЕВ ДЕНЕСКА Е НАЈГОЛЕМ ПОБЕДНИК!

 

 

* реклами:

loading...

Колумни

Македонија