КРИТИКА ДО ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ И ДО ВИЦЕ ПРЕМИЕРОТ АНЃУШЕВ: Зошто сте дозволиле да се набилда толкаво незадоволство во Стопанска Комора кај луѓето кои вработуваат и го полнат буџетот?!

Објавено на 09.10.2019 во 19:59:03 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Сосема случајно пред некој ден рано наутро поминував кај рекорд во Скопје и ги здогледав како еден по еден пристигаат најголемите бизнисмени во земјава, си реков сигурно има некаква конференција во Стопанска Комора.

Прашав на портирна во зградата на Стопанска Комора спроти Ловец, ми велат да има средба со новата министерка за финансии, средбата е отворена за јавност и новинари.

Се качив горе и си седнав во последен ред. Во салата кој од кој, значи од Минчо Јорданов - Макстил, преку Ванчо Чифлиганец - Адора, Глигор Бишев - Шпаркасе, Сашо Самарџиовски - Прилепска Пивара, Антони Пешев - УЛТРА, Герасим Ванчев - СЕМОС итн итн, цела македонска бизнис елита директори на рудници, банки, големи фабрики и ланци на маркети, сите седнати во салата и нервозно коментира и мрда со нозете нестрпливо ја чекаа министерката која доцнеше 45 минути...

Очекував учтива досадна РАДИ-РЕДА средба каде сите ќе се смешкаат и ќе си заминат од кај што дошле... Но се случи чудо.

Штом дојде Нина Групер не и дадоа ниту шанса да се обрати, веднаш ја запукаа со замерки, критики, барања за измена на закони, давачки, даноци, царини, правилници, буџети, укинување на цели агенции, министерства, регистри, инспекции итн итн итн...

Вриеше во салата, се тепаа за микрофонот, еј луѓе кои тежат по 10, 20, 30 милиони евра се тепаа за микрофонот за да и постават прашање на министерката, по правило се работеше за критика, нервозно коментираа и дури урлаа и довикуваа...

Таа сирота не знаеше како да се снајде, па проба да ги смири бизнисмените мислам дека не успеа...

Се прашувам, зошто Заев и Кочо кој е предлог на комората за вице премиер дозволиле после 3 години власт да се набилда вакво незадоволство кај луѓето кои вработуваат, делат плати и го полнат буџетот во земјава?!?!

Зошто досега не биле исполнети сите тие барања, замерки, каде е проблемот, што работеле во влада овие 3 години?!?!

Ми се чини дека е точно дека владата толку многу се насочи на ЕУ и НАТО што навистина мислат дека штом станеме членка на овие две организации мед и млеко одма ќе потече од Табановце и ќе се удавиме во мед и млеко и омлет...

Се ми се чини дека нашите првенци од владата повеќе уживаат да се сликаат и да држат големи говори додека некако немаат ниту нерви ниту живци да седнат и да ги испеглаат деталите, а ѓаволот е нели во деталите...

Можно е и ова да е причината зошто беа сменети Тевдовски и Бране Јованович, можно е тие ДА НЕ КОНТАКТИРАЛЕ ВООПШТО СО СТОПАНСКА КОМОРА!!!

Апелирам до владата да ја слуша повеќе комората и бизнисмените затоа што тие најдобро знаат како државата ги кочи за да отворат нови фабрики, да ги качат платите, да вработат нови луѓе, да освојат нови пазари...

Засега работите не изгледаат на добро на економски план, требаше да имаме раст од 6, 8 па и 10 посто на БДП, се друго е ШИЈА МИ ГА ЏУРО!

Со раст од 3% ништо не правиме, ќе ни треба еден век да се доближиме до Хрватска а за Словенија и Чешка НИКАД!

 

 

* реклами:

loading...

Колумни

Македонија