Володимир Зеленски, поранешен популарен актер кој во април беше избран за претседател на Украина, вчера го урна светскиот рекорд, откако одржа прес конференција која траеше повеќе од 12 часа, најдолга во историјата, објави Украинската државна агенција за рекорди

Објавено на 11.10.2019 во 11:46:16 часот | Свет

Володимир Зеленски, поранешен популарен актер кој во април беше избран за претседател на Украина, вчера го урна светскиот рекорд, откако одржа прес конференција која траеше повеќе од 12 часа, најдолга во историјата, објави Украинската државна агенција за рекорди.

Речиси осум часа по почетокот на прес-конференцијата што се одржа во познат ресторан во центарот на Киев, претставник на агенцијата прогласи рекорд, што се уште не е потврден од меѓународна организација.

Претседателот Зеленски (41) одговори дека е „скромен“ и не ги сака прославите.

Претходниот рекорд го држеше белорускиот претседател Александар Лукашенко, чија прес-конференција траеше повеќе од седум часа, соопштија украинските медиуми.

Стотина украински и странски новинари беа на маса со Зеленски.

Украинскиот претседател се осврна на неколку теми, како што е конфликтот во источна Украина, врските со Русија и телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп.

Тој на медиумите им се довери дека добил инјекции за зајакнување на гласните жици во пресрет на маратонската конференција.

 

 

* реклами:

loading...

Свет

Македонија