Отворено писмо до јавноста од анонимна група студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје

Објавено на 13.10.2019 во 19:27:45 часот | Македонија

* Реклами

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
  
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Почитувани,

 

Ви се обраќаме во врска со нашите студии на Факултетот за музичка уметност при Унивезитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.

Имено, уште пред да се запишеме на факултетот, знаевме дека не функционира се’ совршено, но имајќи ги предивд искуствата од нашите пријатели и колеги, верувавме дека можеме да добиеме многу и покрај сите опструкции во однос на условите во кои се одвива наставата последната академска година.

Понудени ни беа неколку оддели со различни програми и со наставници чии имиња ни беа веќе познати и се реномирани уметници.

Но, почнувајќи со минатата година, нештата почнаа да се комплицираат, а веќе во почетокот на оваа година кулминираат.

Најпрво се отстранети од факултетот добар дел од професорите чии предавања ни беа битни, а потоа е десеткувана листата на изборни предмети и ние практично веќе не можеме да избереме, ниту да студираме, тоа што не’ интересира и тоа за што сме платиле.

Голем број од нашите колеги решија да престанат да плаќаат за нешто кое не ги интересира, па или си ги прекинаа студиите или се префрлија во странство и на други универзитети.

Буквално само си ги подигнаа документите и се отпишаа.

 

Сакаме да ви укажеме на следниве нешта:

- Факултетот за музичка уметност во Скопје е најстариот факултет од тој тип и е дел од најголемиот, најреномираниот и најстариот универзитет во Македонија.

- Факултетот работи со бројни прекршувања на законите во текот на овие 12+ месеци, што силно се рефлектира на нашите студии.

- Точно дека професорите треба да се тука за нас, но на уметнички факултети студентите се запишуваат и поради професорите кои предаваат таму. Со ваквата постапка на буквално бркање на нашите професори, факултетот не’ губи нас како студенти.

- Нашите профили се оформуваат преку задолжителните но и изборните предмети. Кога сме се запишале на факултетот ни било понудено едно, сега сосема друго. Сигурни сме дека се согласувате дека секој треба да го добие тоа за кое платил и за кое се запишал на факултет.

- Според наши инфорамции, ваквите одлуки, суштински за студентите на фМУ (листа на изборни предмети, ангажирање/отпуштање на наставници и др) ги носи исклучиво Деканот на ФМУ, кој е само неколку дена на оваа функција. На факултетот нема една година продекани, нема шефови на катедри, нема Студенстка организација и ние немаме каде да се обратиме.

Дали законот го дозволува ова? Дали вака се работи и на другите факултети?

- Ја разгледуваме опцијата да го тужиме факултетот за неисполнети обврски кон нас, а исто така и колективно да се отпишеме од факултетот доколку не ни се остварат барањата.

 

Нашите барања се следните:

1. Да се вратат одделите и соодветните професори за секој предмет. За нас студентите професорите се подеднакво значајни, независно дали се во допонителен или редовен работен однос.

2. Да се вратат сите изборни предмети на листите, како што ни биле понудени при нашето запишување. Ви укажуваме дека е прекршен членот 27 од Законот за високо образование.

3. Да се обезбедат соодветни услови за студирање на нашиот, најспецифичен од сите, уметнички факултет, Факултет за музичка уметност.

4. Да се вратат сите концертни активности и проекти, зашто во изминатата академска година се’ беше замрено. Нашата професија се учи на сцена, не во кабинети а за тоа е задолжен Деканатот.

 

Ги молиме СИТЕ професори на факултетот да разговараат за овие за нас највжни прашања со надеж дека ќе застанат зад нашите барања.

 

Можеме да бидеме сигурни во една работа, а тоа е дека и ние и вие не сакате да се затвори Факултетот за музичка уметност- Скопје, најголемиот расадник на македонски музички таленти.

Токму затоа очекуваме да ни излезете во пресрет. 
 

Со почит,

Група студенти од ФМУ, Скопје

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет