И АХМЕТИ СЕ ЦИВИЛИЗИРА, САМО УШТЕ ВМРОВЦИТЕ ОСТАНАА ВО 19-ТИ ВЕК: Ахмети: Измина времето кога се повикувавме на албанштина и на патриотизам до небо, сега патриотизам е кога се живее подобро

Објавено на 14.10.2019 во 19:38:31 часот | Македонија

* Реклами

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
  
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Верувам дека реториката од минатото не им служи веке на луѓето . Измина времето кога се повикувавме на патриотизам и се жалевме дека некој друг ја има вината . Сега живееме во поинакви состојби во споредба од пред 2о години и вината треба да се бара кај нас бидејки ние треба да превземаме активности на нашите простори и да создадеме подобри услови за живот . Да бараме траспарентност од сите институции на централно и локално ниво , да имаме ветинг , да се бориме против корупцијата и и да го спроведуваме законот . Оваа вчера во Дебар го изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети на изборното собрание на партијата .

,, Измина времето кога се повикувавме на албанштина и на патриотизам до небо, сега патриотизам е кога во Дебар се живее подобрдо, да има подобра инфраструктура и се онаа што им треба на луѓето,, рече Ахмети и додаде дека сите треба да се ангажираат за една подбора иднина , а тоа е членоствово во НАТО и интерацијата во ЕУ,, исткна лидерот на ДУИ Али Ахмети . Тој исто така рече дека ДУИ е најсериозната и најорганизираната политика партија која докажа дека стори многу на овие простори. ,, Би сакал да има сериозна конкуренција но тоа го нема на овие простори. На оваа активност на ДУИ во Дебар , преставниците на партијата информираа дека Конгресот на ДУИ ке се одржи до крајот на оваа година, по завршување на изборите во ограноците на партијата .

На Изборното собрание на ДУИ во Дебар за претседател на ограокот е избран Артин Спахиу .

Кенан Мимидиноски

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет