УБИЕЦОТ НА МАРТИН ЈАНУШЕВ, Филип Секуловски Кобра по две години бегство сам се пријавил во полиција

Објавено на 14.10.2019 во 22:11:10 часот | Македонија

* Реклами

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
  
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Филип Секуловски Кобра, кој речиси две години беше во бегство, осомничен за убиството за Мартин Јанушев е обезбеден во полициска станица и треба да биде однесен во затворот Шутка. Според информации на Телма Секуловски сам се пријавил во полиција но, не поседувал важечка лична карта.

Директорот на затворот Скопје, Есан Рахиќ за телевизијата вели дека очекува вечерва да биде донесен во затворот.

Младиот фудбалер Мартин Јанушев беше убиен на 4-ти ноември 2017 година во скопската општина Аеродром, за брзо време полицијата го откри убиецот Филип Секуловски, па против него беше распишана меѓународна потерница.

Викендот кога се случи убиството, 3-4 ноеври 2017, Кобра бил на слобода иако требало да отслужува шестгодишна затворска казна за недозволена трговија со дрога но, по слободниот викенд не се вратил во затвор.

На местото на убиството беше најден пиштол кој бил на убиениот Јанушев. Подоцна беше утврдено дека станува збор за пиштол кој е украден и користен во повеќе кривични дела. Полицијата никогаш не соопшти повеќе детали за оружјето и како стасало до убиениот. Инаку во време на убиството братот на Јанушев работеше во полициската единица алфи, додека таткото на убиениот Мартин е полицаец во пензија.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет