Премиере Заев, ја загубивме битката, време е да се спремаме за да ја добиеме војната, ти се бореше лавовски за земјата, јас како еден од оние кои ти ја обезбедува платата со моите даноци сум задоволен од твојот учинок но и од твојот тим

Објавено на 16.10.2019 во 22:46:44 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Тоа е премиере, време е да се соочиме со поразот во оваа битка. Не ни се погодија коцките, како што некогаш знаат да ни се погодат.

Ни се погоди во исто време со твојата власт во Грција на власт да е Ципрас па некако го решивме проблемот и се убутавме во НАТО, што е голем историски успех.

Со ЕУ ја немавме таа среќа засега, во Париз да ти седел во Елисејската Палата едно гомно себично кое мисли само на својот рејтинг а не и на балканот за кој САД и Германија и Британија потрошија толку многу пари и нерви за да го вратат на прав колосек.

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Се чини, Макрон е некоја европска верзија на Трамп, непресметлив импулсивен популист, ништо повеќе од тоа. Ниту л од лидер!

Но ти се бореше лавовски премиере, со челични нерви, со огромна речиси нуклеарна енергија во себе, трчаше заедно со Димитров на сите страни, трпеше политички ќотек што не се трпи никаде, но ете, да се тешиме дека има бетер од нас, погледнете што им се случува овие денови на Курдите, сироти, само они се поголеми лузери и баксузи од нас.

Гинеа со Американците речиси 5 години во битката со ИСИС, и сега САД им сврте грб и ги фрли во рацете на Турците од една страна и Ал Асад од друга страна а ИСИС од трета страна, меѓу 3 огна се, оставени сами на себе, никој не ги сака, сите ги убиваат, над 10 милиони се но никако да направат држава, расцепкани меѓу Турција, Ирак и Сирија...

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Ќе не биде, Димитров е во право. И тој се бореше лавовски овие месеци и години, но едноставно Макрон ни ја реши судбината. Малиот во секој смисол политичар, повлече потег за кој ќе се пишуваат тони книги и ќе се прават анализи со години и децении, да се надеваме дека последиците нема да бидат до толку трагични и крвави од овој лудачки потег.

Но зошто е тој потег толку страшен всушност? Затоа што мафијата, про русите, националистите, фашистите ќе го искористат разочарувањето на народот за да се вратат пак на власт.

Е тек тогаш ќе почне епското срање. Но тоа Макрон не го занима, за него тоа се наши домашни проблеми.

Кое гадно копиле елитистичко. СМРАД!

* реклами  ----------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Премиере јас сум задоволен од твојот учинок и од учинокот на твојот тим. Да имаше грешки, но сепак се гледаше намерата да се сработи, се гледаше добрата идеја, добрата намера, се гледаше енергијата, се гледаше посветеноста. 

Кој тоа не можеше да го види или е преголем националист па не може да ти прости за големите и храбри компромиси или пак е мафијаш кој чека да се врати на власт за пак да цица народни пари.

Оваа битка ја изгубивме премиере. Но да се спремаме полека за да ја добиеме војната. Да видиме како да се убрзаат реформите додека чекаме старт на преговори, како да ја убрзаме економијата, како да ја вратиме довербата во судството и како да ја поразиме до крај мафијата.

Ајде премиере, голема битка не чека!

 

 

* реклами:

loading...

Колумни

Македонија