САД: Разочарани сме од неотпочнувањето преговори со Северна Македонија

Објавено на 19.10.2019 во 14:48:55 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Американскиот Стејт департмент изрази разочараност што Европскиот совет не ги прифати „многу силните реформски напори“ на Македонија и Албанија и не постигна согласност за започнување пристапни преговори со двете земји.

– Позитивната одлука би го потврдила кредибилитетот на нивниот пат кон ЕУ и цврсто би се спротивставила на малигните надворешни актери, кои сакаат да ги поткопаат западните вредности и евроатлантската заедница, се наведува во реакцијата на Стејт департментот, по вчерашната одлука на Советот на ЕУ да го одложи стартот на преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија.

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Во соопштението се нагласува дека САД ја поддржуваат посветеноста на Северна Македонија и Албанија на трансатлантска интеграција и нивните аспирации за влез во Европската Унија и се изразува надеж дека Европскиот совет ќе постигне консензус за позитивна одлука за преговори со двете држави пред самитот ЕУ – Западен Балкан во мај идната година.

Стејт департментот посочува дека САД ќе останат стратешки партнер на Северна Македонија и Албанија се додека тие работат на зајакнување на владеењето на правото, справувањето со корупцијата, развојот на нивните економии и борбата против организираниот криминал.

 

* реклами  ----------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

– Ние ги охрабруваме двете држави да останат цврсто на патот на градењето на транспарентно, праведно и демократско општество во согласност со потребите на нивните граѓани. САД ќе продолжат да работат со европските партнери за да ги унапредат заедничките цели за стабилност и безбедност на Западен Балкан, се додава во соопштението на Стејт департментот по вчерашната одлука на лидерите на ЕУ.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет