БОМБА НА МИТКО ЈАНЧЕВ: Повторно ќе се кандидирам за градоначалник на Кавадарци!

Објавено на 19.10.2019 во 18:08:21 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Митко Јанчев, градоначалникот на Кавадарци за 24 инфо вели дека  не е воопшто лесно секојдневно да се соочуваш со предизвиците кои ги носи оваа функција. Но баш тие предизвици му даваат сила за уште повеќе работа и за реализирање на уште поголеми проекти. Вели дека секогаш успева да балансира помеѓу работните ангажмани и семејството. Слободното време преку работната недела го поминува со семејството и се  обидува агендата за викендите да ја прилагоди за да има време за сопругата и трите деца.

Две години откако сте на функцијата градоначалник. Што беше планирано за овој период, а што е остварено?

Неполни две години ја вршам функцијата градоначалник. Не е воопшто лесно секојдневно да се соочуваш со предизвиците кои ги носи оваа функција, но баш тие , предизвиците, ми даваат сила за уште повеќе работа и за реализирање на уште поголеми проекти. Мојата предизборна програма беше реална и целосно приспособена на потребите на граѓаните. Немаше ветувано мегаломански проекти кои реално не би се ни реализирале, напротив, беа тоа проекти инспирирани од реалните потреби на кавадарчани и од следењето на правецот, Кавадарци да се движи во нагорна линија во поглед на сите сегменти од општеството. На мое огромно задоволство напорното работење и доброто менаџирање во изминатите две години донесоа огромен резултат.

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Предизборната кампањата до сега е приближно 90 % реализирана. Тоа е успех на кој исклучително сум горд, а ситуацијата на терен , низ целата општина само сведочи за многуте реализирани проекти. Треба да се напомене и дека се реализирани и доста помали проекти кои не беа во програмата, но со барање од граѓаните беа реализирани се со цел да се решат нивните проблеми и да се задоволат нивните потреби. Листата на реализирани проекти е голема. Голем акцент се стави на реконструкција на главните сообраќајници во градот. Пробиени се нови улици кои граѓаните со години ги барале. Во Кавадарци оваа година нема деца кои чекаат за згрижување во детските градинки. Со една нова детска градинка, доградба на нови занимални и адаптација на простории во руралните средини, целосно се реши овој голем проблем. Инфраструктурата е значително подобрена, хигиената во општината е на едно високо ниво, големи површини хортикултурно се уредуваа. Општината е достапна до граѓаните преку проектот Мој општинар. Општинарите се постојано на терен и ги детектираат сите проблеми со кои се соочуваат граѓаните и го следат нивното решавање. Овие две години беа успешни за мене како градоначалник и за службите во локалната самоуправа.

 

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Каква е соработката со централната власт?

– До сега соработката со централната власт е добра и заеднички имаме реализирано голем број на проекти. Соработка мора да има, секогаш треба да функционираме во интерес на граѓаните, затоа што всушност тоа и ни е обврска , тоа е тежината на нашите функции. Иако локалната самоуправа е посебен орган сепак соработка со централната власт мора да има без разлика на партиските определби.

Колку новите обврски ви оставаат простор за приватниот живот? 

– Јас имав премногу работни обврски и пред да станам градоначалник. Бев управител на една сериозна компанија која исто така бараше голем ангажман на професионално поле. Но секогаш успевам да балансирам помеѓу работните ангажмани и семејството. Слободното време преку работната недела го поминувам со семејството, се обидувам и мојата агенда за викендите да ја прилагодам така што ќе имам повеќе време кое ќе го поминам заедно со сопругата и моите 3 деца. Напорно е и тешко, но за тоа, и јас и мојата сопруга бевме свесни уште пред да се одлучам на овој чекор.

 

* реклами  ----------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Што им ветувате на граѓаните за следниот период и дали ќе се кандидирате на следните избори?

– На први ноември изминуваат точно две години откако сум градоначалник на Општина Кавадарци. Како што кажав програмата е речиси реализирана, така да, заедно со службите ќе имаме доста работа да подготвиме нова дополнителна програма за наредните две години. Програмата ќе биде направена според потребите на граѓаните. Ние веќе имаме пракса да договараме средби со месните заедници и да разговараме за нивните потреби и недостатоци во нивниот реон. И оваа нова програма ќе се подготвува на тој начин. Лично, се гордеам што за толку кратко време ќе се реализира една програма наменета за 4 години работење. Во овој момент моето размислување е дека на наредните избори би се кандидирал повторно. Моето мото, Кавадарци на прво место, го засакаа и жителите на Општина Кавадарци и се надевам дека со нивна помош и поддршка ќе продолжиме заедно да работиме.

Извор: 24 Инфо

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет