ЧОВЕЧЕ ОВАА ЖЕНА ПРЕДАВА ПОЛИТИЧКИ НАУКИ НА УКИМ: Ванковска ќе гласа за таа партија која ќе вети дека ќе ја врати СФРЈ!

Објавено на 19.10.2019 во 19:06:47 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------
Biljana Vankovska

МОЈОТ МАНИФЕСТ

Ракавицата е фрлена, трката во докажување кој е поголем Европеец почнува - и сето тоа не е случајно... Тоа е нашиот чипиран колективен ум кој верува во бајки.

„Букурешкиот момент“ на Грујо е сега заменет со „Бриселскиот момент“ на Зоки - и сето тоа е во стилот на познатиот серијал на Курто и Мурто, да се сменат за да ништо (системски) не се смени...

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Бидејќи рефрените „друже ЕУ, ми ти се кунемо да са твога пута на скренемо“ (или треба другарице ЕУ?! Кој ќе го знае) - јас излегувам со ЛИЧЕН став за тоа што мислам дека е потребно да направиме за да има промена, ама сериозна...

Ќе гласам за партија која:

1) Ќе престане да се колне во Брисел, и ќе погледне со очи ширум отворени кон светот - бидејќи Вашингтон и Бисел не се „меѓународна заедница“. Ние не сме само Европјани, ние сме дел на една многу поширока светска заедница. А светот е МУЛТИПОЛАРЕН!

2) Наместо да се лигави и додоворува на надворешни фактори ќе бара мандат од своите граѓани - принципот на народен суверенитет е суштина на демократијата. Се' друго е колонијална и зависна позиција на периферијата кон центарот

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

3) Ќе се обврзе, јасно и недвосмислено, дека ќе ги преземе сите потребни чекори за ПРАВНО преиспитување на Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија, во светлина на меѓународното право и низ правна процедура ќе ги поништи противправните и неправните договори/клаузули. И тоа ИТНО!

4) Ќе ги стави националните интереси како основа на својата политика, т.е. интересите на својата земја ќе имаат предност пред интересите на Брисел, Берлин, Вишеградската група и сл. - во однос на социјалата, економијата, трговијата, енергетската политика, миграцискиот режим, итн.

5) Која за да дојде на власт нема да прави коалициски договори кои водат кон дезинтеграција и натамошна етнизација на земјата

6) Која како План Б (или В) ќе го има регионалното поврзување на сите нивоа, а не само меѓу елитите и тајкуните, а во насока на градење претпоставки за Балканска (кон)федерација на социјалистички основи

7) За која владеењето на меѓународното (не европското) и националното право ќе биде алфа и омега, и ќе преземе мерки за поведување правни постапки кон сите кои се огрешиле во изминатите 30 години. Без финти за помирување и национален компромис за европска иднина

8) Која ќе се откаже од Пржинска влада, која е влада каква не постои во демократска држава и алудира на партиска контрола врз одредени сектори заради сопствен (партиски) интерес

* реклами  ----------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

9) Која нема од другите земји надвор од Европа да прави непријатели, туку ќе прави сојузништва засновани на сопствениот интерес.

10) Која нема да се плаши да каже НЕ - особено на адикцијата кон задолжување, приватизација на јавната сфера и доброволно колонизирање и распродавање на сопствените ресурси.

Доста ми е од партии кои водат љубов со народот, а ѝ се верни на т.н. меѓународна заедница! За вас кои сечете вени за ЕУ е лесно: имате да бирате меѓу СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА, итн.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет