Со здружени сили, општинарите од Гази Баба спроведоа акција за чистење на клучни точки во општина Гази Баба, кои претходно беа мапирани како најкритични!

Објавено на 20.10.2019 во 11:32:52 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Во оваа акција учествуваат екипи на ЈКП Гази Баба и ЈП Комунална хигиена, кои заедно со 80 вработени работат на 3 локации во општината. Се расчитува депонијата кај ООУ “Наум Наумовски – Борче” покрај автопат, кај спортската сала “Стив Наумов” на бул. Александар Македонски и депонијата под железничкиот мост во населба Ќерамидница, кај бензиската пумпа на Макпетрол.🚛

Како општина секогаш водиме сметка за хигиената, овие локации како општина веќе трет пат ги чистиме од отпад. За жал и покрај тоа повторно се претвораат во диви депонии. Затоа апелирам дека мораме сите ние да тргнеме од својот личен пример и да ја одржуваме чиста општината.

Изминатиот период вложивме многу средства и успеавме ЈКП Гази Баба да го направиме вистинско комунално претпријатие. Набавивме нова механизација и опрема, а деновиве набавени се и нови дувалки за чистење на лисја.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет