Е ОВА Е ПОСЛЕДИЦА НА СОВРЕМЕНОТО ЖИВЕЕЊЕ: ГЕРМАНИЈА ЌЕ ВОВЕДЕ КОМЕСАР ЗА БОРБА ПРОТИВ ОСАМЕНОСТ?!?!

Објавено на 21.10.2019 во 19:32:19 часот | Свет

 
* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------
 
Symbolbild Depression (Colourbox)

Едно од две домаќинства во Берлин е сочинето од само едно лице. Постојат телефонски линии за постари лица, професионално организирани забави за гушкање и групи за самопомош на Фејсбук. Сега берлинскиот огранок на Христијанско-демократската унија на Ангела Меркел сака во главниот град да има официјален комесар за борба против осаменост.

„Потребно е да има еден вработен со полно работно време кој ќе координира сѐ“, вели портпаролот на ЦДУ, Мајк Пен, објаснувајќи дека волонтерскиот ангажман не е доволен за справување со проблемот на осаменост со кој се соочува градот. „Берлин, како милионска метропола која брзо расте, мора да преземе ваков чекор“, изјави тој за едно локално радио.

Пен за ДВ вели дека потребата за справување со осаменоста е проблем кој ја надминува дневно партиската политика. „Се надевам дека можеме да сториме нешто за осамените луѓе без разлика од која партија се, бидејќи тоа е тема што засега и млади и стари, и богати и сиромашни. Секој може да биде погоден.“

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Сам во град од 3,6 милиони жители

Според еден извештај од 2018 во берлинскиот дневен весник „Тагесшпигел“, во справување со осаменоста само минатата година биле ангажирани 1300 волонтери. Ова може да звучи како многу, но градот има 3,6 милиони жители, а бројот расте секоја година. Во истиот извештај пишува дека најмалку 300 луѓе годишно умираат во сопствениот стан без да бидат забележани, некогаш и со недели. Оттука не е чудо што Берлин на социјалните мрежи и медиумите го доби епитетот „главен град на осамените“.

Според резултатите од анкетата спроведена од сојузната влада во мај, од 2011 до 2017 година бројот на Германци на возраст од 45 до 84 години кои се изјасниле дека понекогаш се чувствуваат многу осамено е пораснат за 15%. Кај некои старосни групи овој број е пораснат на 59%, а еден од четири тинејџери изјавил дека повремено имаат чувство на осаменост.

Symbolbild Junges Mädchen als Opfer von häuslicher Gewalt (picture-alliance/Photoshot)

Од 2011 до 2017 година бројот на Германци на возраст од 45 до 84 години кои се изјасниле дека понекогаш се чувствуваат многу осамено е пораснат за 15%

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Глобална епидемија без разлика на возраст, раса или пол

Епидемијата со изолација не е само германски феномен. Велика Британија во 2018 година назначи министер за осаменост откако беше објавена студија во која се констатира дека 9 милиони Британци се чувствуваат осамени. Марк Робинсон, во тоа време прв човек на невладината Ејџ УК, изјави дека е „докажано оти осаменоста е полоша за здравјето од пушење на 15 цигари дневно и таа не треба да биде фактор во животот на постарите луѓе."

Во секој случај зголемената изолација е тема која ги надминува линиите на возраст, пол или раса. Пен во Берлин ја посочи Велика Британија како добар пример кој треба да се следи. Тој за ДВ изјави: „Велика Британија го покажа патот – беше основано министерство врз база на соодветни научни истражувања и наоди, со специјален фокус на проблемот со човечката осаменост и изолација."

 * реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Сеопфатна студија спроведена во САД на истражувачката компанија Ипсос покажа дека најосамени луѓе во САД се од генерацијата Z – родени во доцните 1990-ти и раните 2000-ти. „Речиси половина од Американците (46%) изјавуваат дека понекогаш или секогаш се чувствуваат осамени“, покажува студијата изготвена од Сигна, компанија за здравствено осигурување. „Кај генерацијата Z има највисок степен на осаменост, а генерацијата на Златно доба (постари лица над 72 г.) се најосамените."

Но ова не е проблем само на Западот. Во Јапонија со децении има кафетерии, каде млади луѓе плаќаат само да разговараат, а понекогаш и да се гушкаат со жени, или да одат на прошетка преправајќи дека се дека се двојка. Но сега расте и бројот на кафетерии кои нудат вакви „услуги“ за жени. Во Кина политиката на едно дете предизвика таков хаос во родовиот баланс, што има зголемен број на извештаи за сѐ поголем број киднапирања на жени од трговци со луѓе, од соседните земји како Мјанмар за да им се обезбедат „невести“

Symbolbild Senioren Einsamkeit (picture alliance/dpa/J. Büttner)

Осаменоста е полоша за здравјето од пушење на 15 цигари дневно, тврди Марк Робинсон

на осамените млади мажи во земјата.

Не ги обвинувајте социјалните медиуми

Здравствените последици поврзани со социјалната изолација се многубројни. Од Американскиот национален институт за здравје велат дека ризиците вклучуваат „висок крвен притисок, срцеви болести, прекумерна тежина, ослабен имунитет, анксиозност, депресија, пад на когнитивните способности, Алцхајмер, па дури и смрт."

 

* реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Студијата на Сигна исто покажува дека самотијата е поврзана и со кариерата, дека доведува до пониски примања и помалку унапредувања заради, меѓу другите фактори, помала соработка со колегите. Многумина сакаат да укажуваат на замките од модерното време како социјални медиуми, стриминг видеа и видео игри како причинители на епидемијата на осаменост, но научниците предупредуваат дека има и подлабоки причини. Студијата вели дека „нивоата на лична интеракција и физичка и ментална благосостојба и животен баланс повеќе се релеватни за осаменоста отколку користењето на социјални медиуми."

Со гушкање против осаменост

Тешко било да се наведат специфични причини за кризата, но научниците од Сајколоџи тудеј велат дека зголемениот број на лица кои живеат сами, како во случајот со Берлин, е еден од многуте фактори, иако тоа не исклучува луѓе кои живеат со други да бидат погодени од социјална изолација. Можна сугестија за бизнис лидерите е дека ако се поттикнува тимска работа и ангажман на работното место, тоа може да доведе до повеќе базични контакти, како зборување, контакт со очи и да се биде физички блиску до други лица, односно она што им недостига на осамените луѓе.

ЦДУ планира да потроши 100 илјади евра годишно за финансирање на проекти за борба против социјалната изолација. Додека да биде одобрен друг план од Берлинскиот сенат, психолозите сугерираат оние кои страдаат од чувство на осаменост да се ангажираат макар и на најмал начин во контакти со луѓето од нивното опкружување, како што се соседите, соработниците, касиерите во супермаркет и слично, да минуваат време надвор, да бараат групни активности во нивна близина или да разговараат со лекар ако чувството е екстремно.

DW.COM

 

 

* реклами:

loading...

Свет

Македонија