Премиере Заев, зоти Ахмети, претседателе Пендаровски, имаме проблем, овие Французиве решиле живи да не закопаат!

Објавено на 24.10.2019 во 14:14:02 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Премиере Заев, господине Ахмети, претседателе Пендаровски, како тројца водечки политичари во земјава, верувам согледувате дека сме исправени пред огромен проблем.
 
Тој проблем се вика Франција која решила живи да не закопа во балканските лајна.
 
Се чини дека овие 10-20 години премногу се фокусиравме на правење врски и лобирање во САД, Англија и Германија до таа мера што Франција ја заборавивме.
 
Ова ќе мора да се поправа сега и веднаш во од, сместа.
 
* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Предлагам веднаш да се направат неколку АД-ХОК потези со кои веднаш ќе се прати порака до Франција дека пораката е примена.

Значи што ни е на располагање? Воведување на францускиот јазик како задолжителен во сите школи, прогласувањето на денот на Франкофонијата за државен празник, испраќање понуда до Француските мобилни оператори дека следната лиценца за мобиолна телефонија ќе ја дадеме на француски оператор, поднесување предлог декларација во собрание за стратешко партнерство со Франција со цел за наредните 10-20 години земјава да се зближи до Франција на сите можни полиња економски, воено, култоролошки, образовно...

АРМ да даде понуда до француски производители на воена опрема за набавка на пола милијарда евра вредна воена техника, УКИМ да прати барање за збратимување со Сорбона, воведување на француска телевизија во земјава како што има Дојче Веле да има и Франс Интернационал итн итн...

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

 На спортски пан да се формираат фан клубови на ПСЖ, Бордо и Монако, да се одиграат пријателски натрпевари меѓу Франција и Северна Македонија, да ги поканиме француските винарии да ни држат предавања како да го подобриме нашето вино, Кавадарци да се збратими со Бордо кој е светски епицентар на производството на вино...

Културно да почнеме повеќе да соработуваме на план филм, музика, изложби, фолклор, да воведеме разни денови на француска музика, француска уметност, итн итн...

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

 Францускиот амбасадор да биде редовно викан на средби во владата, во собрание, Париз да биде честа точка на календарот на нашите министри и премиери и претседатели, следните големи договори за набавки на опрема за РЕК и ЕЛЕМ и МЕПСО да биде од француски производители и француски фирми, едноставно мораме да се зближиме со Франција наредните години инаку црно ни се пишува...

* реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

 Едноставно пораката од Париз е слична, еј дечки, ние сме најмоќната Европска држава после Германија а никој ниту не ферма ниту не респектира, како да не сме живи, како да не постоиме, епа не може така!

ЕВН го продадовме на Австријци, Телеком го шитнавме на Германци, со Америка играме секогаш на сите полиња, зоната Бунарџик ја напунивме со британски фирми и Франција ја заборавивме, тоа Париз го здоболе и затоа добиваме вакви жестоки шамари и боксови од Макрон и Тимоние.

 * реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

-------------------------------------------------------------------------------------------------------
 
Не е лошо и новиот клинички центар да го дадеме на некој француски конзорциум да го гради, мораме да го свртиме малку бродот од Берлин накај Париз, таму е сега нашиот најголем проблем!
 
Штета е и што Франција не е омилена дестинација на Албанците за емиграција па многу слабо делува моќното Албанско лоби во Париз, и тоа е дел од причините зошто ни се случува ова што ни се случува!
 
Имаме проблем и треба да го решаваме а не да се крстиме и да плачеме кога го слушаме Тимоние, тој само си ја заработува платата и слуша наредби од Париз.

 

 

* реклами:

loading...

Колумни

Македонија