Се чудам како ВМРО ДПМНЕ сеуште постои како партија после се што направија врз македонскиот народ и држава

Објавено на 28.10.2019 во 08:30:17 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Да немаше толку многу глупоќа меѓу народот, да немаше толку многу расипани опортунисти, ВМРО ДПМНЕ немаше веќе да постои после се што направија за 12 години власт.

Но да беше така ВМРО ДПМНЕ немаше ни така да владее 12 години, многу рано ќе паднеше од власт.

Се чини општеството е како погодено за таква партија. Вечно ќе и простува и ќе и дава нова и нова шанса пак да прави нови и нови злодела и зулуми...

А од кај да се почне?! Самиот факт дека седат во она барокно украдено здрание зборува многу...

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Скопје 2014-та... Прислушкувањето... Големата медиска машинерија платена од буџетот со 100 милиона евра годишно...

Крвавиот 27-ми април, лажењето за тиранска платформа, бегалски кампови, федерализација и кантонизација, наводен државен удар...

Тепачките на Кале и по автобусите, прогонот на новинарите и медиумите, кревањето со динамит на Космос, пљачката безмилосна со Камчев и Мијалков во истурени редови а Грујо касиер во позадина...

Кражбата на изборите со поткуп закани и употребата на МВР како партиски ГЕСТАПО...

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Тврдоглавото одбивање да се решат проблемите со соседите и да се заврши рамковниот договор...

Злодела, злодела, злодела... Обвинител Марко Зврлески... Судии Јово Превара и сваровски курвичиња...

Апсење на политички противници со судски местенки, затворање на цели телевизии, упади по дома со калашникови о правење медиска драма, лудило до бескрај...

Потоа бегање од правда, кочење на правдата, некои избегаа од земјава...

* реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Кога конечно некој се нафати со решавање на клучните проблеми со Грција и Бугарија и затворање на рамковниот договор, тие избраа да ги саботираат тие процеси, да не гласаат за нив во собрание, да го хушкаат народот да го пали собранието... Бојкотираа референдуми... Се закануваат дека ќе поништеле се, иако знаат дека тоа е неможно и знаат дека баш таа храброст на СДСМ да ги реши проблемите нив ќе им дојде како кец на десетка, ќе си владеат мирно  кога знаат дека друг им ги решил проблемите, ако не дај боже народот им даде власт...

И после се тоа, оваа партија не само што не исчезна од политичката мапа туку и претендира да владее пак, само 3 години откако беа сменети и тоа крваво со судни маки?!?!

И аналитичари и новинари таа можност ја земаат здраво за готово како најномрална работа?!?!

Па тоа е како на педофил и  мазохист да му дадеш дузина деца да носи во шума на излет бре луѓе вие разбирате ли?!?! 

Што му е на овој народ, зарем е до толку блесав и без грам осет во главата и ќе оди да гласа за ВМРО пак да го краде, да се докопа пак до институциите за никад пак да не може да го смениме?! Зошто ако се сеќавате најголемото злодело на ВМРО ДПМНЕ освен лошото мафијашко диктаторско владеење беше и тоа што одбија да ја испочитуваат вољата на народот.

 * реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Кога народот реши дека му е преку глава од власта на Грујо, ВМРО ДПМНЕ одби да си замине па преку Хорхе одбиваше да го дава мандатот а пак Трајко Вељановски одбиваше да закаже седница за нов спикер а пратениците на ВМРО зборуваа бесконечно долго и едноставно одбиваа да ја предадат власта а како кулминација ВМРО спреми и крвав пир во собранието само за да одбие мирно да ја предаде власта.

И после сето тоа ние мртви сериозни сега нешто како го третираме ВМРО ДПМНЕ како нормална партија, која сеуште кокетира со Груевци, пола од Груевци се сеуште во партијата, Мицко со пола уста срамежливо се дистанцира од дел од политиките на Груевски, за него 27-ми април сеуште е херојски чин итн итн...

 

 

* реклами:

loading...

Колумни

Македонија