Фокус: Што се крие зад бегството на „тигарот“ – Игор Спасов избегал во Турција, со бугарски пасош и нов идентитет?!

Објавено на 01.11.2019 во 19:16:53 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Во новиот број на неделникот Фокус:

 

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------
ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ

Замислете како резонира владината пропаганда: Ако разочараните од Заев одбијат да го поддржат СДСМ на следните избори, тие ќе го врателе ВМРО-ДПМНЕ на власт. Значи, граѓаните ќе бидат виновни, а не Заев и СДСМ со своите недела, сомнителни и тајни договори со криминалците за амнестија, бизнис гешефти на браќата и братучедите, рекет скандали и корупциски афери!?

 * реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

  
-------------------------------------------------------------------------------------------------------

ПАРТИСКИ „ПАЛАМУДЕЊА“
Напатени од долгиот опозициски стаж, ветувањето за јадење живи луѓе, за сопартијците на Заев било мелем за уши. „Непристојната гестикулација“ при „мало сутра“, пак, ја доживеаја како „што фино им покажа“. Сакам да кажам дека партиите ни функционираат како хибрид на верска секта и акционерски друштва, па партиските фанатици секогаш го оправдуваат лидерот

МИЛА ЦАРОВСКА: РАЗОЧАРУВАЊАТА ОД СДСМ НЕ СЕ ТОЛКУ ДЛАБОКИ ЗА ГРАЃАНИТЕ ДА ГО ВРАТАТ ВМРО-ДПМНЕ НА ВЛАСТ
Јавноста не ги крие симпатиите кон министерката Царовска, која ги доби придавките „мајка на стечајците“, „заштитничка на маргинализираните“ и „најуспешен министер во владата на Заев“. Со министерката и потпретседател на СДСМ, разговаравме за нејзините предизвици во ресорот, за минималната плата, за криминалот во пензискиот фонд, како и за очекувањата од следните избори

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

„ТИГАРОТ“ СПАСОВ ВО БЕГСТВО СО БУГАРСКИ ПАСОШ
Затвореникот Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешкоски, десетина дена е во бегство, а според доброупатени извори на „Фокус“, се крие во Турција, каде што влегол со лажен идентитет и со бугарски пасош. Познаници на Спасов откриваат дека специјалецот бил разочаран што предистрагата на СЈО затаила и не го открила вистинскиот убиец

ОФШОР ФИРМИ СО СКРИЕНИ СОПСТВЕНИЦИ
Се уште не функционира регистарот на вистински сопственици, кој треба да ги обелодени сопствениците на фирми што досега се криеја зад офшор компании. Проверките што ги извршивме покажуваат дека офшор фирма може да се регистрира електронски за 24 часа за сума од 800 евра, зависно од дестинацијата

ЏОН ПОЛ ЊУМЕН: НЕ МОЖЕ ДА СЕ НЕГИРА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ ПО ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА
Џон Пол Њумен предава историја на Европа во 20 век на Универзитетот Мејнут во Ирска и важи за еден од највлијателните европски историчари од помладата генерација. Автор е на книгата „Југославија во сенка на војната“, во која како неутрален набљудувач ја анализира оставштината од Првата светска војна, чии последици до денес ја нагризуваат Европа и ги креираат политичките прилики на Балканот. Разбирливо, најголемиот дел од разговорот за „Фокус“ е посветен на неговите сознанија за „македонското прашање“ во периодот меѓу двете светски војни

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

ПОЛИТИЧКИ ПРОФИТЕРИ
Како што на СДСМ приказната за евроинтеграциите му даваше штит за да краде слободно и пак да го гласаат наивните, оти барем ја водел државата кон ЕУ и НАТО, така и на ВМРО-ДПМНЕ патриотската приказна му дава силна заштита за гласачите да го толерираат апашкото владеење

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Во сите можни варијанти, нашата меѓународна легитимација остануваат Преспа и договорот со Бугарија. Затоа, ставот на опозицијата кон двата договори, ќе значи граѓански избор помеѓу одење храбро напред или предавање и прифаќање на некаква замена за членство во Унијата

 

* реклами  -----------------------------------------------------------------------------------------

    
-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Ана ПАНОВСКА
Мора да се признае работливоста и истрајноста во дејствувањето на ВМРО-ДПМНЕ. А, СДСМ има храброст да ги прави најтешките и најодговорните потези за оваа држава, но нема храброст да се соочи со онаа силна администрација која не е способна да донесе еден обичен детален урбанистички план за сосема мал простор

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Оваа политичка пародија со француското вето за Македонија и Албанија е на заедничка штета за сите учесници во неа. Штетата што е направена врз европскиот углед и веродостојноста на европските политики, како и прашањето на доверба во европските институции и политички „лидери“ е огромна

 

* реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

   

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Наум СТОИЛКОВСКИ
Лани опозицијата дала приоритет за гасификацијата како стапка во буџетот, ама, ете, и покрај тоа, нема 200.000 за кумановската болница! И затоа и годинава „ќе смрди“ и ќе загадува. Целта ми е да го насочам вниманието да не се дозволи вакво навистина важно прашање да биде искористено за лаги

Стојан АНДОВ
На сите им беше јасно дека без поддршка на полицијата и безбедносните органи, кршењето на ембаргото кон СР Југославија ќе беше невозможно. Меѓутоа, самиот процес ги криминализира и полицијата и безбедносните органи. Потоа, требаше и другите органи на државната администрација да ги „затворат очите“ и да станат соучесници на криминалната активност

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Какво да се прави, когато всичко разделя балканските народи – история, география, политика. Единствено престъпноста ги обединява. На Балканите съществуват мегаломански амбиции от собствени нереализирани национални аспирации, когато на лице са кавер верзии за вземане на чуждо на което му се прилепва свой етикет, значение и име

 

 * реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет