ОВА Е ВИСТИНСКАТА ПРИЧИНА ЗОШТО ЗАЕВ РЕШИ ДА ГО УКИНЕ ПРОПОРЦИОНАЛНИОТ ДАНОК!

Објавено на 06.11.2019 во 12:50:06 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------
 
Зоран Заев е итар политичар и тој знае дека многу поважно од идеологија е народот да види пари во својот џеб и на своите сметки и потоа тие пари да ги преточи во полн стомак и така весел да иде на избори насмеан и со прдење од добрата скара отколку да иде на избори намрштен со грчеви во стомакот.
 
Затоа Заев помеѓу првото - идеологија левичарска и победа на следните избори се реши за второто, нормално.
 
Укинат пропорционален данок значи пониски даноци значи повеќе пари кај бизнисмените кои ќе можат со нив да поделат повисоки плати да отворат нови фабрики да поделат К-15 да купат нови машини да купат подобра храна и опрема за работниците итн итн и тоа ќе се одрази врз резултатот на изборите.

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

 И тоа ВМРО ДПМНЕ го знаат и без разлика колку сега урлаат, сепак знаат дека за 6 месеци економијата ќе земе замав и со огромните пари кои ќе ги вбризга владата во економијата било преку трошење, било преку субвенции било преку социјала, тоа на крај ќе делува позитивно за СДСМ на денот на гласање. И во белата палата се усрани поради тоа, ви гарантирам!

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Ретко кој во СДСМ досега од 90-та па наваму го разбирал ова што го зборувам. Бранко и Киро во 90-тите го кршеа ембаргото за да му го наполнат стомакот на народот но не успеаја во тоа затоа што изгубија години и години да се изборат земјава да ја стават на здрави темели и да ја спасат од војни па 90% од времето трошеа во меѓународна битка но народот ги казни во 1998-ма затоа што економијата беше ужасно лоша и народот беше гладен иако тие двајца ја извадија земјата од Југославија без војна за што заслужија да владеат уште 50 години, но џабе, празен стомак не мисли на војни и високи политики...

Исто беше и во 2006-та, Никола Поповски го стегна трошењето па СДСМ пак изгуби во 2006-та иако СДСМ ја завршија мини војната и успеаја со судни маки да го спасат народот и државата од голема војна со десетици илјади жртви, но потфрлија во економијата и празен стомак пак не мисли на такви теми, празен стомак си бара сомун и десетка со кромид и не му чуе за никакви ебени алијанси интеграции и рамковни договори...

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

 Заев ги има научено овие лекции и иако ја направи грешката со воведувањето на данокот брзо увиде дека тоа е кочница за брз економски развој и на време се освести и ретерираше. Без разлика колку сега лаат комунистите попут Тевдовски и Бране и онаа мала екипа од Левица, на крај народот ќе цени колку му е пун фрижидерот и колку му е висок купот неплатени сметки.

Зборам за широките народни маси, остајте ги вие овие мрчаторите дежурни што се нешто мрчат и паламудат, народот си гласа според тоа како квалитетно живее, дали може да си купи храна и облека и да си ги плати сметките, на крај се се сведува на тоа, нити имиња нити интеграции нити ништо не му значи на народот, тоа ве уверувам.

* реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

   

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Затоа очекувајте овие 6 месеци владата да извади милијарди евра од буџетот и да го нахрани народот, се разбира без притоа да се задолжува, затоа што со домаќинското работење и престанокот на општата вмровска пљачка има доволно пари за таа операција.

Парите наместо за споменици и врби и фасади ќе се даваат за народот да има повеќе пари во својот џеб. За капитални инвестиции ќе се задолжуваме, тоа се преголми суми за да може да ги покриеме од буџетот.

 * реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

-------------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 Затоа сум уверен дека СДСМ ќе победи, затоа што ќе има се повеќе пари во државата и во џебот на граѓаните.
 
Зоран Заев е премногу итар и умен за да изгуби избори после само 3 години власт а после таква тешка епска битка за победа над режимот.

 * реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

  
-------------------------------------------------------------------------------------------------------
 
Тоа што некој си дозволува да го потценува Зоран Заев е најголемиот адут на Зоран Заев, тоа е неговото најголемо и најсилно оружје кое успешно го користи во својата политичка кариера веќе 10 години. 
 
Тој може вака на прва изгледа како селанче насмеано кое прави многу гафови, но зад таа фасада се крие велемајстор за политички шах и стратегија, мозокот му работи 100 на саат и тоа 24/7, безмилосен е кога треба да донесе политички потег, делува како Струмичанец но за политика е како ладен Германец!
 
Нема ништо пострашно во политиката од харизматичен лидер со фасада на насмеан Балканец но со мозок и срце на пресметан Германец.

* реклами  -----------------------------------------------------------------------------------------

    
-------------------------------------------------------------------------------------------------------
Тоа на Заеви им тече во крвта, што мислите таа империја од 100 милиона евра која ја правеле од 1990-та па до сега, од небо ли паднала?!?!
 
Сите тие штедилници, циглани, хотели, ресторани, преработувачки фабрики, оранжерии, градежни фирми и фирми за транспорт а сега и марихуана, за да ги менаџираш треба да си концентриран итар стабилен и интелектуално надмоќен за да се справиш со конкуренција со проблеми со вработени со режим кој 10 години те лови да те уништи...
 
И ве уверувам, во ВМРО ДПМНЕ добро го знаат тоа и се во паника, но не ја покажуваат!

 

 

* реклами:

loading...

Колумни

Македонија