Градежништвото не познава утки како на автопатот Охрид-Кичево, вели Сугарески

Објавено на 07.11.2019 во 01:36:19 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------
 
Mazedonien Autobahn Kicevo-Ohrid (DW/K. Delimitov)

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Дали владата ги преувеличила проблемите во изградбата на автопатот Кичево-Охрид? Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вели „да“. Ресорниот министер Горан Сугарески за Дојче веле оценува дека „градежништвото не познава такви утки“.
Расправата околу автопатот, чија цена во меѓувреме достигна астрономски 600 милиони евра, повторно се отвори по изјавата на градоначалникот на Штип Благој Бочварски дека трасата на автопатот Кичево-Штип не била промашена, како што претходно тврдеше премиерот Зоран Заев.

„Бочварски призна дека Зоран Заев и СДСМ лажеле кога велеле дека е промашена трасата на автопатот Кичево - Охрид“, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ денеска. Партискиот портпарол Наум Стоилковски вели дека владата намерно лажела за да ја задолжи државата за дополнителни 180 милиони евра, колку што, според пресметките, чинеше исправањето на грешките.

 

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

„Три години изговор за неработата им беше дека била утната трасата. За на крај да можат да се задолжат за 180 милиони евра на штета на граѓаните“, изјави Стоилковски. 

Minister der neuen mazedonischen Regierung (DW/Petr Stojanovski)

Градежништвото не познава вакви утки, тврди Горан Сугарески

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески ги отфрла ваквите обвинувања и останува на ставот дека целиот проект бил катастрофално планиран. 
„Откако ги направивме сите анализи, сите стручни лица укажаа дека постои голема несуогласеност меѓу проектот и состојбата на терен за што моравме да реагираме за да ги заштитиме националните интереси“, вели Сугарески за ДВ.

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

„Ве уверувам дека градежништвото не познава вакви утки како што се направени со автопатот Кичево-Охрид. Не само што е утната трасата, замислете таа минува над резервоарот со вода од каде што се снабдуваат Кичевчани. Постои огромна неусогласеност и помеѓу проектната документација и состојбата на терен.“

Сугарески наведува дека во проектот не била планирана ниту една клучка за излез од автопатот, па морала да се направи комплетно нова проектна документација за 9 клучки. Немало ни проекти за алтернативни патишта, па морало да се прави нов проект за изградба на патишта за населените места кои гравитираат на автопатот. „Дополнително наидовме и на огромни проблеми во изградбата на тунелот бидејќи во проектот е дефинирана втора категорија на земјиштето, но на терен состојбата е поинаква.

„Уште еднаш ќе потенцирам, градежништвото не познава вакви катастрофални проекти, но уверувам дека проблемите се надминати, а граѓаните ќе добијат безбеден и модерен автопат по сите стандарди”, тврди Сугарески.

* реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

   

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Владата пред една година усвои анекс на договорот со кинеската фирма Синохидро која, согласно договорот со претходната влада, останува главен изведувач на работите. Со тоа, од првично предвидените околу 400 милиони евра, цената на изградбата на автопатот Кичево-Охрид порасна за уште најмалку 187 милиони евра. Поради тоа, 57-те километри автопат во Македонија би можеле да достигнат и цена близу 600 милиони евра, или околу 10 милиони по километар автопат.

Експертите во повеќе наврати ја критикуваа состојбата со автопатот. Првиот човек на Заводот за испитување материјали од Скопје- фирмата која работела на техничката документација за проектот- Борис Танески во интервју за Дојче веле во јули 2017 година откри дека откако ја предале документацијата на инвеститорот уште во 2007 година, понатаму никој повеќе не ги контактирал.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет