ЌОСИЊАТА НА КОЛЕНА МОЛАТ ЗА МИЛОСТ: ИМАМ ДВЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА ПРЕМИЕРЕ, ЈАС НЕ СУМ НАСИЛНИК, БЕВ ИЗМАНИПУЛИРАН НА 27 АПРИЛ ВО СОБРАНИЕТО, СЕ КАЕШЕ ВО СУДНИЦА ОБВИНЕТ ЗА ГРУБО НАСИЛСТВО

Објавено на 11.11.2019 во 20:41:55 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

ИМАМ ДВЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА ПРЕМИЕРЕ, ЈАС НЕ СУМ НАСИЛНИК, БЕВ ИЗМАНИПУЛИРАН НА 27 АПРИЛ ВО СОБРАНИЕТО, СЕ КАЕШЕ ВО СУДНИЦА ОБВИНЕТ ЗА ГРУБО НАСИЛСТВО

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Заев кажа дека му е жал ако обвинетиот Петрушевски добие казна, бидејќи има две малолетни деца. Но, му кажа дека таа вечер на 27 април 2017 други деца можеа да останат без родител. - Премиерот Зоран Заев пристигнува да сведочи во Кривичниот суд (Фото: СДК.МК)

Вработен во затворот Идризово, осуден за нанесување на тешка телесна повреда, а сега обвинет за грубо насилство врз пратениците од опозицијата при организираниот напад на Собранието на 27 април 2017, искористи можност во очи од непосредна близина да му се извини на оштетениот премиер Зоран Заев за насилствата што се случија таа вечер во Собранието.

„Се извинувам и на премиерот и на сите загрозени таа вечер во Собранието на 27 април 2017 година. Бев изманипулиран, сите знаеме како се најдовме таму. Јас не удирав, бев само присутен неколку минути. Имам две малолетни деца премиере“, кажа обвинетиот за грубо насилство Илија Петрушевски, застанат во судницата во Основниот суд Скопје 1 на само половина метар од Заев.

 

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Обвинителката Зорица Павловиќ реагираше дека не поставува прашање, туку обвинетиот се исповеда и оти тоа двајцата може да си го прават на друго место, надвор од судницата. Потсети и дека има снимки и фотографии за неговото грубо насилство, колку и каде се задржал за време на организираните упад и насилства во Собранието и оти тие снимки како докази ќе бидат пуштени во судот.

И адвокатот ги занемари апелите на судијката и му се обрати на Заев со прашање како може да не одговара Крсто Мукоски, тој што ги отвори вратите, но прашањето беше надвор од ова обвинение и таа донесе решение да го одбие.

Петрушевски всушност првин се изјасни за невин, а потоа му се извини на Заев, кој по Села беше најтешко повреден пратеник при нападот таа ноќ.

 

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

„Еве јас нема да барам отштета од обвинетиот, очекувам судството да ги има сите аспекти со цел никогаш никој да не го помине тоа што јас, колегите пратеници и новинарите го поминавме таа вечер“, му кажа Заев.

Заев кажа дека му е жал ако обвинетиот Петрушевски добие казна, бидејќи има две малолетни деца. Но, му кажа дека таа вечер други деца можеа да останат без родител.

И ова е едно од серијата судења, кои место да завршат, почнуваат одново поради истек на 90 дена кога немало ефективни рочишта.

„По изборот на новиот претседател на Собранието Талат Џафери, вечерта на 27 април 2017 година заминавме во прес- салата да дадеме изјави. Од мониторите во салата видовме дека вратите на Парламентот се отворени, влегоа граѓани, нѐ бараа нас. Преку 15-тина пратеници бевме затечени на подиумот во прес-салата, дел во галеријата, дел пред вратата. Сите бевме под насилство повеќе од 2 часа, од различни групи граѓани. Без полициска асистенција бевме до 21 часот“, сведочеше по вторпат Заев.

„Нѐ маваа со секаков вид предмети што ги носеа со себе, или користеа од просторијата (маси, столици, сталаци од камерите на новинарите, кабли и други видови предмети. Во целиот овој период се слушаше: ‘Убијте го Заев, убијте ги пратениците, скини му ја главата’. Не тепаа со тврдите предмети, но и со тупаници и клоци. Имавме расекотини, рани, модрици по цело тело, особено по екстремитетите“, сведочеше Заев.

 

* реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

   

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

„Во тој момент очекував во секоја секунда да го изгубам животот, зашто во очите на насилниците чувствував решеност да одзедат живот и да не престанат додека тоа не се случи. Имавме среќа тие 2 часа и повеќе што останавме живи и што насилниците немаа доволно храброст да го дозавршат тоа што беа го наумиле. Бидејќи, ние се браневме, а со нас беа и службени лица кои ме обезбедуваа мене, но и тогашниот технички министер за внатрешни работи кои ги заложија своите животи за да не заштитат нас. Чувствував страв, животот ми беше загрозен. Чувствував дека со секој удар застанува животот“, рече оштетениот и сведок Зоран Заев.

Следува преглед на снимките од движењето и насилствата што ги вршел обвинетиот.

ИЗВОР: СДК.МК

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет