БОМБА НА ХАИКО МАС: Не се откажуваме од битката за вас, Германија ќе се заложи Македонија да добие преговори!

Објавено на 13.11.2019 во 21:11:16 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 
 

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Не сме задоволни од одлуката на Европскиот совет, но не се откажуваме, на следниот Совет Германија ќе се заложи Македонија да добие датум за старт на преговори. Може да се потпрете на Германија, порача шефот на германската на дипломатија, Хајко Мас по средбата со претседателот Стево Пендаровски.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, кои беа оценети како пријателски односи исполнети со доверба и взаемно почитување, соопшти Кабинетот на претседателот.

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија високо ја цени поддршката од Германија за нејзините аспирации за членство во Европската унија и во НАТО. Во тој контекст, Пендаровски го истакна значењето на комплетирањето на процедурата за ратификација на протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО од страна на Германија.

Пендаровски на министерот Мас му се заблагодари за силната поддршка од германска страна за отворање на пристапни преговори за членство на Северна Македонија во Европската унија, за искажаната солидарност со државата по последниот Европски совет, како и за фактот што Германија го држи прашањето за проширувањето во фокусот на агендата на ЕУ.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет