Пендаровски со делегација на „Македонија 2025“: Интензивирање на соработката меѓу бизнис заедниците во земјата и во дијаспората

Објавено на 13.11.2019 во 23:17:29 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

– Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска оствари средба со дел од основачите и членовите на одборот на организацијата „Македонија 2025“ кои го информирале за осмото издание на Самитот на оваа организација што од денеска до 15-ти ноември се одржува во Скопје и служи како платформа за споделување знаења, поврзување на бизнисите и инспирирање иновации и промени во Југоисточна Европа.

 

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Како што информираа од Кабинетот на претседателот, на средбата беше посочено дека годинава на Самитот се очекуваат над 50 истакнати говорници и стотици високи гости од бизнис сферата. Во фокусот на Самитот ќе бидат иновациите и нивното влијание врз намалување на загадувањето на животната средина и воздухот, како и иднината на работните места и вештините, глобалните економски и геополитички трендови и можностите за финансирање на малите и средни претпријатија.

 

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

-Претседателот Пендаровски на средбата ја поздрави работата на „Македонија 2025“, којашто преку Самитот ги одразува желбите, волјата и решеноста на македонската дијаспора активно да се вклучи во градењето на иднината на Северна Македонија. Претседателот Пендаровски посочи дека постојат многу можности и потенцијали за соработка и дека истите е неопходно да се искористат преку интензивирање на соработката меѓу бизнис заедниците во земјата и во дијаспората, стои во соопштението.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет