Можете ли да замислите во Груевизмот некаква си анти-корупциска да му нареди на премиерот да го смени вице премиерот затоа што маткал нешто сомнително?!?! ЦЦццц еееј нови времиња дојдоа ама оди натерај ги мрчаторите тоа да го признаат...

Објавено на 16.11.2019 во 11:15:29 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Има разлика, има голема разлика! Во времњ Груево, шефот на анти-корупциска беше еден матен тип со многу накит на себе кој им се дереше на новинарите веќе да не го отворале прашањето за анкетниот лист на премиерот.

- Еве ви го овде да го видите, и веќе тоа прашање да биде затворено за век и веков! - се дереше копукот.

Битангата која долго ќе се памети како најлош шеф на анти-корупциска на сите времиња!

 

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Сега пак имаме шефица на анти-корупциска која му наредува на премиерот Заев да му даде отказ на вице премиерот Анѓушев затоа што тој наводно лобирал за некаква царина за полски акумулатори?!?!

Се алудира  на тоа што Кочо произведува возила за чистење ѓубре а користи акумулатори од Полска па вака Кочо им помагал на своите фирми од позиција на вице премиер?!

Ок, основа за критика има, но можете ли да замислите вакво нешто во Груевизмот?! Па тоа е рамно на научна фантастика!

 

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Сега има институции има јавност има систем, и грешките ќе се анализираат и мерат дали се или не се спорни моменти и ќе се влечат соодветни потези и народот ќе цени на избори.

Но нема ЗАРОБЕНА ДРЖАВА, нема МОЛК, нема РОЗЕВА СТВАРНОСТ, нема ЕБЕНО ТРУМАН ШОУ, туку има модерна нормална демократија која врие коментира критикува анализира како во секоја друга нормална држава!

Но оди ова објасни им го на најголемите хејтери и мрчатори, очи ќе ти извадат!

Има невидена заслепена хистерија против оваа влада без никакви аргументи и анализа на тоа што беше и тоа што го имаме сега...

 

 

* реклами:

loading...

Колумни

Македонија